Кој е вашиот ден во неделата?

Секоја од петте планети во хороскопот, плус сонцето и месецот, влијаат на нас. Токму затоа, седумте дена во неделата имаат одредено значење според влијанието на планетата која владее.

koj-e-vasiot-den-vo-nedelata-01.jpg

Вашиот посебен ден е денот во кој сте родени, па ако сте родени во среда сте остроумни, а во петок се раѓаат шармантните.

Во случај да не знаете кој е вашиот ден на кој сте родени, откријте тука.

Недела - ден на Сонцето

Ова е погоден ден за покажување љубезност и великодушност. Обидете се да бидете подобра личност, онаква каква вашиот знак - сонцето побарува од вас.

Понеделник - ден на Месечината

Добар ден за социјални и работни контакти, но и контакти со семејството и пријателите. Тоа е денот кога треба да се однесувате со почит кон сопствените емоции, затоа што ништо не се менува побрзо од месечината и емоциите.

Вторник - ден на Марс

Во вторник добивате додатна сила и енергија. Добар е за почеток на нешто ново, за совладување на препреките. Не запаѓајте во смешни конфликти, затоа што до нив најлесно се доаѓа во овој ден.

Среда - ден на Меркур

Одличен ден за интелектуални работи, за учење, пишување, читање. Исто така и за комуникација преку интернет, телефон, за испраќање мејлови...

Четврток - ден на Јупитер

Јупитер, како крал на планетите, ги започнува решенијата на големите проблеми. Со помош на позитивниот став можете да постигнете многу.

Петок - ден на Венера

Овој ден се завршува работната недела и започнува викендот. Затоа, завршете ја работата тактично и на сопствено задоволство, па радувајте му се на викендот. Ова е идеален ден за љубов, нежност, романтика.

Сабота - ден на Сатурн

Сатурн спречува работите да излезат од контрола. Тоа е ден кога треба да го забавите темпото и да се позанимавате со некои детали за кои немате време во текот на неделата.

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
6 месеци во кои се родени луѓето со кои никогаш не е здодевно (и зошто ви требаат) Родените во декември се душата на секоја забава и луѓе што секој сака да ги има ...
Во кои месеци се родени луѓето што се лидери во животот? (рангирани од најдобриот) 2-ро место: Родени во јули - Ги читате луѓето како евтин роман. Вие ги носи...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
5 месеци во кои се родени луѓето што имаат сосема поинаков карактер зад затворени врати Не се неискрени, туку едноставно не им веруваат лесно на другите. Отвораат срце ...

Најчитани неделава