Животните принципи на хороскопските знаци: За Ракот најважна е слободата, а за Рибите музиката, смеата и солзите

Додека на едни најважна им е честа и почитта, на други посебно им значи слободата и независноста. Откријте кои 5 принципи му се најважни на секој хороскопски знак:

zivotni-principi-na-horoskopskite-znaci-za-rakot-najvazna-e-slobodata-a-za-ribite-muzikata-smeata-i-solzite-01

Овен

1. Со мене бадијала се расправаш.

2. Подобро да направам нешто, отколку подоцна да жалам што не сум се обидел.

3. Човекот секогаш останува млад ако му е млад духот.

4. Тврдоглавоста не е порок.

5. Јас не напаѓам, но се бранам.



Бик

1. Не сакам ништо туѓо и не сакам никој да го допира она што е мое.

2. Кој не сака храна, не ги сака ни луѓето.

3. Никогаш не си доволно богат за да купуваш евтино.

4. Не се исплати да се расправаш со будали.

5. Довербата тешко се стекнува, а лесно се губи.



Близнаци

1. Којзнае што ќе биде утре.

2. Два мозоци секогаш се попаметни од еден.

3. Луѓето само се тешат дека е поважен квалитетот од квантитетот.

4. Љубовта поминува, пријателството останува.

5. Досадата е ѓаволска игра.



Рак

1. Мојот дом е мојата слобода.

2. Кој чека, ќе дочека.

3. Полесно е да најдеш маана, отколку да ја поправиш.

4. Паметните луѓе често ги нарекуваат другите лудаци.

5. Оние кои никогаш не се менуваат, повеќе се сакаат себе отколку вистината.



Лав

1. Подобро е да стигнеш до врвот на славата, отколку да доживееш пораз.

2. Убавото однесување е половина успех.

3. Ако нешто правиш, прави го како што треба.

4. Љубовта која не се покажува доволно, не е љубов.

5. На лагата ѝ се кратки нозете.



Девица

1. Трпението и упорноста се клуч на успехот.

2. Лагата не е зло ако им прави добро на другите.

3. Човекот се запознава во 3 ситуации – во јадењето, богатството и пијанството.

4. Трошењето време на нешто што не се исплати е најголема глупост.

5. На мозокот секогаш, а на срцето само повремено треба да му се верува.

Преостанатите 6 хороскопски знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg