Љубовен хороскоп за 2015 година

ljuboven-horoskop-za-2015-godina-02.jpg

Вага

Ќе му бидете потребни на партнерот во тешките моменти кои го очекуваат. Вагите ќе бидат романтично настроени кон Биковите и Лавовите, а најмалку заинтересирани ќе бидат за Водолиите. Оние кои се пред венчавка ќе мора да направат многу компромиси за истото да се случи. Не бидете разочарани ако не отпатувате никаде заедно.


Скорпија

На почетокот на оваа година поважни ќе ви бидат работни обврски и кариерата. Потрудете се да му го објасните тоа на партнерот за да не дојде до недоразбирање, па дури и раскинување. Скорпиите може да очекуваат блискост со Јарци и Близнаци. Во втората половина од годината може да отпатувате на некоја егзотична дестинација или крстарење, но само ако ги надминете претходните проблеми.


Стрелец

Игнорирањето на прашањата кои се проблем во вашиот емотивен живот со текот на времето ќе се зголемуваат. Отворено зборувајте со партнерот за она што ве мачи. Стрелците ќе бидат романтично настроени кон Скорпии и Риби, а ќе го избегнуваат друштвото на Водолии и Бикови. Потрагата за вистинскиот или вистинската може да заврши во октомври или ноември. Очекувајте возбудливи одмори во последните месеци од 2015-та.


Јарец

Работете на себе ако сакате да доживеете љубов. На Јарците ќе им одговара друштвото на Раковите и Биковите, а нема да бидат заинтересирани за Риби и Јарци. Има мали шанси дека ќе отпатувате некаде со партнерот, но можен е некој романтичен викенд. Сконцентрирајте се на убавите моменти и избегнувајте ја љубомората. Партнерот може погрешно да ја протолкува.


Водолија

Партнерот нема да ве разочара, иако оваа година ќе ви биде лошо на работното место. Ќе ви пружи емотивна и финансиска поддршка. Водолијата можно е да се заљуби во Овен или Близнаци оваа година. Потрагата по нов партнер за брак ќе заврши кон крајот на 2015-та. Романтичните изненадувања очекувајте ги во мај и јуни наредната година.


Риби

Не се обидувајте да го одвоите партнерот од неговото друштво или семејство затоа што тоа ќе ви предизвика големи проблеми. Можно е почесто да се расправате во првите неколку месеци од 2015-та година. Слободните Риби може да очекуваат љубовна авантура со Близнаци или Јарец во последните месеци, но ништо сериозно и претерано романтично.



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg