Летен љубовен хороскоп: Биковите ќе бидат верни, Лавовите ќе доживеат љубов со странец

leten-ljuboven-horoskop-bikovite-ke-bidat-verni-lavovite-ke-doziveat-ljubov-so-stranec-02.jpg

Вага

Ова лето бидете поопуштени и нежни, тоа ќе биде вистински магнет за сите додворувачи. Мора да си поставите критериуми кои понуди ќе ги прифатите, а кои не. Ќе ви одговара толерантен партнер кој ќе ве опсипе со внимание. Ако ги отворите сите карти, можна е и посериозна врска. Клучот е во комуникацијата. Бидете страствени, но не и неверни. Склони сте кон импулсивни почетоци и краеви, па може да останете со човек во чии намери сте 100% сигурни. Ако сте доволно храбри да влезете во брачните води, ова лето е идеален период.


Скорпија

Ова лето ќе бидете полни со енергија, доминантни, но и ќе барате многу за возврат. За се ќе сакате да филозофирате и да бидете во право, што може да ги одбие потенцијалните партнери. Живејте ги овие неколку месеци под мотото „еднаш се живее“ и нема да зажалите. Слободните Скорпии ќе се впуштаат во авантури на секој чекор. Но, ако малку се спуштите на земја ќе запознаете личност која ќе ве заинтересира посериозни. Ве очекува возбудливо лето, дури и ако сте во долгогодишна врска.


Стрелец

Ќе имате моменти кога ќе посакате да избегате далеку од сите емотивни прашања. Стрелците кои ќе бидат оптоварени со работата ова лето може да пропуштат прекрасни љубовни шанси заради работата. Внимателно гледајте ги работите кои ви се пред нос. Проблемите со партнерот решавајте ги мирно и со компромиси. Не дозволувајте да се наталожат и да експлодираат. Слободните Стрелци ќе бидат по малку изморени и лути. Потрагата по сродна душа може да ги претвори во мрзоволни личности. Не бидете толку напнати, љубовната приказна сама ќе се испише. Ако веќе долго патите за некој кој не делува заинтересирано, пријатно ќе се изненадите.


Јарец

Вие сте неуморен борец за она во што верувате, но во последно време ја губите силата. Подготвени сте да се предадете, но истото ќе го барате за возврат. Партнерот веќе нема да може да ве купи со мало внимание. Вашето чувствително его ќе преовладува во топлите месеци. Многу стресни ситуации ќе ви ја тестираат врската, а тоа можете да го надминете само ако подеднакво вложувате во односот. Слободните Јарци ќе бидат натприродно провокативни, а поволните љубовни прилики ќе се појават сосема неочекувано. Ве очекува возбудливо лето во кое ќе се изненадите сами од себе и своите способности.


Водолија

За некој кој сака да гледа во иднина, прилично ќе бидете оптоварени со љубовното минато. Ви препорачуваме ова лето да не се навраќање на старите приказни затоа што ве очекуваат нови оваа сезона. Водолиите кои имаат среќна врска ќе смислуваат заеднички и креативни проекти за зближување. Комуникацијата ќе ви помогне квалитетно да ги решите сите недоразбирања во долгогодишните врски. Слободните Водолии ги чека холивудско сценарио. Како и во сите љубовни комедии, ќе живеете како што сакате и нема да го подарувате своето време на секој. Идеалниот партнер ќе се појави на почетокот на летото, но ќе мора да почекате подолго време за врската да се развие.


Риби

Ова лето Рибите ќе ги заведуваат сите околу себе. Никогаш не сте биле толку креативни, шармантни и духовити. Ќе го обожавате спојот на мистериозност и игри. Секако, никој нема да ви одолее, па затоа сами ќе мора да одлучите кој останува во игра, а кој отпаѓа. Ако имате постојан партнер, ќе мора добро да се потруди за да ги задоволи вашите желби, вклучувајќи ги и сексуалните. Оние кои нема да имаат волја да ве следат во авантурите, без размислување ќе ги оставите. Гласот на разумот нема да преовладува ова лето, па затоа почесто ќе треба да ги слушате љубовните совети од родителите и пријателите.



Би можело да ве интересира:

Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg