Светлата и мрачната страна на хороскопските знаци: Која е вашата?

Сите ние имаме своја светла, но и своја мрачна страна, позитивни и негативни карактеристики и квалитети и маани. Кои се вашите според хороскопскиот знак?

svetlata-i-mracnata-strana-na-horoskopskite-znaci-01.jpg

Овен

Гордоста наоѓа плоден терен кај овој хороскопски знак, а и потребата да бидат први во сè – први на целта, прва лига...

За нив скромноста е непознат збор, а покрај тоа тие знаат да бидат посесивни и завидливи.

Водени се од Марс па за нив мрзеливоста е непознат збор. Тие секогаш имаат вишок на енергија и неизмерна сила да ги пребродат сите тешки ситуации.


Бик

Биковите се прилично горделиви и амбициозни личности кои сакаат да се споредуваат со другите.

Сакаат да се фалат со своите материјални добра и безрезервно да уживаат во сите видови на животни задоволства, тргнувајќи од сексот.

Но, умеат да бидат и големи романтичари со голем капацитет за контрола на бесот и великодушност за најблиските.


Близнаци

Тие се мајстори на маскирањето и умеат да се прикажат пред другите во онаа слика во која другите сакаат да ги видат.

Близнаците се премногу бистри и проникливи за да чувствуваат завист или да бидат скржави, освен кога станува збор за нивните емоции, бидејќи се плашат од врзување.

За нив храната воопшто не е важна, бидејќи својата душа преферираат да ја исполнуваат со хобија и други активности.


Рак

Ракот е најчувствителниот знак од зодијакот, а под нивната романтична фасада се крие голема сексуалност.

Вообичаено не се завидни, освен ако не станува збор за личности кои ги перципираат како нечувствителни, бидејќи мислат дека тие помалку страдаат во животот.

Животните разочарувања најчесто ги надокнадуваат со добра и вкусна храна, а тогаш кога се чувствуваат запоставено имаат и брзи промени во расположението.


Лав

Лавовите мислат дека се најдобри и очекуваат од другите да им се „поклонуваат“ пред неверојатните способности.

Но, не знаат да бидат љубоморни и завидни, туку прилично великодушни и расположени да ги трошат парите на луѓето околу нив.

Уживаат во подготвување на големи гозби за своите најблиски и пријателите и да ги опкружуваат со скапоцени поклони.


Девица

Девиците се несигурни и патат од комплекс на помала вредност. Тие се прилично внимателни како во трошењето, така и во изборите кои ги прават за да го одржат своето здравје.

Тие се педантни, внимаваат на хигиената, а благодарение на добро научената самоконтрола ретко кога збеснуваат или се вознемируваат.

Поседуваат завидна смисла за одговорност, хиперактивни се и секогаш мислат дека можат работите да ги направат многу подобро.

На следната страна уште 6 хороскопски знаци и нивните главни карактеристики...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава