Што би направил секој хороскопски знак, ако може да се врати назад во времето?

Секој од нас барем еднаш во животот посакал да поседува временска машина и да се врати назад низ времето и некои работи да ги направи поинаку.

shto-bi-napravil-sekoj-horoskopski-znak-ako-moze-da-se-vrati-nazad-vo-vremeto-001.jpg

Астрологијата открива што секој хороскопски знак би променил, ако има можност да се врати во времето.

Овен

Кога импулсивниот Овен би имал можност да се врати во времето, не би ја пропуштил големата љубов од младоста. Би бил помалку тврдоглав и би се согласил на компромис. Што се однесува до семејството, би поминувал повеќе време со децата одошто да го посветува целото свое време на кариерата. На работа, би го правел она што сака да го прави и би започнал сопствен бизнис.


Бик

Ако сентименталниот Бик би имал можност да се врати назад во времето кога важно му било само да заработува пари и да купува работи, многу работи би променил. Повеќе време би посветувал на саканата личност, би бил помалку посесивен и прилагодлив на потребите на саканата личност.


Близнаци

Кога Близнаците би имале можност да се вратат назад во времето, би промениле неколку работи, а на прво место своите емотивни односи. На време би го сфатиле нивното значење и не би се плашеле од врзување. Би се потрудиле да бидат малку подискретни и подобро да ги чуваат тајните.


Рак

Нежниот Рак помалку би се грижел за работите. Помалку би страдал, плачел и помалку би се плашел од животните предизвици. Помалку би паничел пред било кое непријатно изненадување. Што се однесува до нивната кариера, Раковите би биле поамбициозни.


Лав

Кога би можел да се врати во минатото и од корен да ги уништи своите стравови од хронични болки и слабости, би бил многу позадоволен со сопствениот живот. Би открил како да ги контролира своите его и суета кои многупати му наштетиле и би имал подобар однос со другите. Би сфатил дека не е слабост да се покажат емоциите пред другите луѓе.


Девица

Ако Девицата некогаш би имала можност да се врати назад во времето, тогаш би поправила неколку ситни детали во својот живот – би купила брод, би запловила на море и не би се грижела за ништо, мирно би седела на плажа и би испила неколку лименки пиво.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Една причина поради која секој хороскопски знак ќе ви го скрши срцето На Близнаците лесно им здосадува сè, па ако деновите со вас им се исти и монотон...
Од 17-ти јуни почнува ретроградниот Сатурн - Како ќе влијае на секој хороскопски знак? Водолија - на прво место во следните неколку месеци ќе ви бидат парите, бидејќи ...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...
Кои хороскопски знаци може ненадејно да побараат „пауза“ во љубовните врски (и зошто)? Овен - Постојано се во потрага по нови искуства и нови предизвици. Имаат потреба...
Уцена, малверзации со пари - За каков криминал се способни хороскопските знаци? Раковите се познати по својата емпатија, но ако некој ги повреди, ќе ја чекаат п...
Хороскопски знаци кои знаат да заплачат и на најмалите ситници Личностите родени во знакот Рак се познати по својата длабока чувствит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg