Каков хумор има секој хороскопски знак: Близнаците сакаат секси шеги, а Водолиите црн хумор

kakov-humor-ima-sekoj-horoskopski-znak-bliznacite-sakaat-seksi-shegi-a-vodoliite-crn-humor-002.jpg

Вага

Овој хороскопски знак дефинитивно не знае да прераскаже виц, но знae да ги насмеe луѓето околу себе. Нивните реакции се слични како на Овните – детски, искрени и урнебесни. Посебно смешни стануваат ако малку се поднапијат и додека се лути на некого.


Скорпија

Скорпиите можеби никогаш нема да ви признаат, но го сакаат оној злобен хумор кој се сведува на иронија и сарказам. Коментар на една страна, коментар на друга страна – танцуваат на работ на дрскоста, но секогаш успеваат да ги насмеат луѓето околу нив и да бидат забавни.


Стрелец

Припадниците на овој знак се вистински шоумени и на нив можете секогаш да се потпрете кога треба да се насмее целото друштво во некоја непријатна ситуација и да ја подигнат атмосферата. Понекогаш нивните шеги знаат да се сведат на навреди, но тоа го прават со доза шарм.


Јарец

Јарците поголемиот дел од времето делуваат резервирано, но сепак она што најмногу го сакаат е да бидат во друштво во кое можат отворено да се шегуваат. Најмногу сакаат интелигентен, приземен хумор кој се сведува на сарказам. Тешко ги поднесуваат шегите на нивна сметка.


Водолија

Едно е сигурно, хуморот на Водолиите зближува и расположува. Понекогаш знаат да претераат со црниот хумор, но луѓето кои ги познаваат не им се лутат за тоа. Во поголемите друштва знаат да бидат пристојни со шеги уште од времето на нивните баба и дедо.


Риби

Припадниците на овој знак не се од оние кои сакаат предвидливи вицеви, а задоволство им е да размислуваат за смешни ситуации и да ги прераскажуваат на луѓето околу нив. Знаат да импровизираат, но исто така, сакаат и да подготвуваат трикови и стапици.



Би можело да ве интересира:

Младата Месечина денес влегува во Лав - За кои хороскопски знаци носи свеж почеток? Денес, 24.07, младата Месечина влегува во знакот на Лав. Ова ќе создаде силна по...
Три хороскопски знаци за кои овој петок 13-ти навистина ќе биде баксузен Иако повеќето нема ни да забележат дека денес е петок 13-ти (втор годинава), за ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа со која сами си го уништувате животот, според месецот на раѓање Ако сте родени во февруари, она што најмногу ве кочи е тоа што живеете во минато...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...

Најчитани неделава