5 познати личности родени во знакот на Стрелец

Декември е месецот на Стрелците. Секогаш ведри и оптимисти, Стрелците најмногу си ги ценат својата слобода и индивидуалност. Со нив животот никогаш не е досаден.

5-poznati-licnosti-rodeni-vo-znakot-na-strelec-01.jpg

Кои познати личности се родени во знакот на Стрелец?

Лудвиг Ван Бетовен

Лудвиг ван Бетовен, германски композитор на класична музика. Роден е на 17 декември 1770 година, а починал на 26 март 1827 година.

Слухот му се оштетил во третата деценија од неговиот живот, но продолжува да компонира, диригира и врши изведби, дури и по целосното губење на слухот.

Познат е по неговите девет симфонии. Останал еден од најпочитуваните и највлијателните композитори на сите времиња.

5-poznati-licnosti-rodeni-vo-znakot-na-strelec-1.jpg


Папата Францис

Папата Францис, роден како Хорхе Марио Бергољо, е поглавар на Римокатоличката црква и папа од 13 март 2013 година.

Тој е 266-от папа на Римокатоличката црква. Роден е на 17 декември 1936 година во Буенос Ариес.

5-poznati-licnosti-rodeni-vo-znakot-na-strelec-2.jpg


Едит Пјаф

Едит Пјаф, француска пејачка ѕвезда. Родена на 19 декември 1915 година во Париз, а починала на 10 октомври 1963.

Позната по својот специфичен глас, малиот црн фустан и песните: La Vie en rose, Non, je ne regrette rien, Hymne à l'amour, Milord.

5-poznati-licnosti-rodeni-vo-znakot-na-strelec-3.jpg


Френк Синатра

Френсис Алберт “Френк” Синатра, американски пејач и актер. Роден на 12 декември 1915 година, починал 14 мај 1998 година.

Ја започнал својата музичка кариера со Хери Џејмс и Томи Дорсеј, станувајќи еден од најпознатите соло артисти во 40-те. Познат по песните: I love you Baby, My way, Strangers in the night...

5-poznati-licnosti-rodeni-vo-znakot-na-strelec-4.jpg


Бред Пит

Вилијам Бредли "Бред" Пит е роден на 18 декември 1963 година во САД.

Познат по филмовите: Троја, Тринаесетмина на Оушн, Господин и Госпоѓа Смит, Мексиканец, Шпионска игра...

Сопруг на добро позната Анџелина Џоли.

5-poznati-licnosti-rodeni-vo-znakot-na-strelec-5.jpg

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три хороскопски знаци чиј живот конечно ќе тргне на подобро од денес Ракови, денес, 14-ти мај ѕвездите ви се насмевнуваат, најмногу бидејќи конечно с...
„Клетвата“ на секој хороскопски знак – една работа што постојано ве кочи во животот Скорпии, вашето „проклетство“ е што не им верувате на работите што доаѓаат лесно...
Финансиски хороскоп за март 2026: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои ќе се збогатат? Пред крајот на месецот, околу 29-ти или 30-ти, некои Бикови може да добијат пари...
Една особина за која другите ви завидуваат, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вашата посветеност е она што создава најмногу завист и ...
Годишен хороскоп за 2026: Риби Љубовниот живот на Рибите во 2026 година ќе биде исполнет со силни емоции, но и ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава