Годишен хороскоп за 2016-та - Риби

2016-та година ќе ви донесе многу нови прилики за напредок. Од вас зависи дали ќе ги искористите тие прилики. Ќе имате пореалистичен поглед на светот, а вашата креативност ќе мора да почека. Вашите идеи од претходните години сега ќе бидат претворени во реалност и ќе бидете задоволни со она што сте го постигнале.

godishen-horoskop-za-2016ta-ribi-01.jpg

Значаен напредок ќе можете да постигнете благодарение на вашата внатрешна сила која сте ја граделе досега. Ќе морате добро да ги одберете приликите кои одговараат на вашите желби, со оглед на тоа што ќе имате многу оваа година. Посветете се на оние проекти кои можете да ги довршите.

Љубов

Сите насобрани проблеми во текот на претходните години во 2016-та година ќе исчезнат. Влез во нови врски ќе можете да остварите помеѓу март и јуни. Љубовниот живот ќе ви донесе многу задоволство, како за оние кои се во врска, така и за оние кои тек ќе влезат во сериозна врска. Односот во долгите врски може да биде нарушен во период меѓу септември и ноември, но останете покрај партнерот и не донесувајте важни одлуки. Брачните односи ќе бидат подобри и постраствени оваа година.


Кариера

Ова е поволна година за започнување на нови бизниси, нови проекти и ширење на постоечкиот бизнис. Решете ги сите прашања и спроведете ги одлуките. Темелно проучете ги проектите пред да ги започнете, посебно пред мај. Лицата кои се занимаваат со некој облик на уметност ќе остварат одлични резултати и на еден начин ќе станат славни и познати. Успехот, како резултат на вашите напори и настојувања очекувајте го во последниот дел од годината.


Пари

Финансиската ситуација во текот на годината ќе ви биде добра и добро ќе управувате со парите. На почетокот на годината воздржете се од претерано и непотребно трошење. Доволно ќе заработувате за да можете да се ослободите од долговите до јуни. Крајот на годината е најдобар период за вложување и разработка на нови методи како да ја подобрите вашата заработувачка.


Здравје

Одлично здравје ќе ве прати во текот на целата 2016-та година. Помеѓу април и септември емотивните проблеми можат да го нарушат вашето здравје.


Семејство

Односот со саканата личност и семејството ќе биде мирен и хармоничен.

godishen-horoskop-za-2016ta-ribi-1.jpg

Родените од 19-ти до 27-ми февруари

2016-та година ќе биде одлична за работа на себе. Размислувајте за нови стратегии и искористете ги своите минати искуства, посебно разните препреки и потешкотии со кои сте се соочувале во минатото за да напредувате во животот. Првиот дел од годината ќе биде возбудлив, посебно благодарение на истражувањето на нови подрачја и духовната работа на себе кои ќе ви донесат нови погледи како за себе, така и за светот околу вас.


Родените од 28-ми февруари до 4-ти март

Ова е поволно време за ослободување од сè што не ви треба во животот, посебно за непожелните навики и будење на сопствените инстинкти. Тоа ќе ви помогне да ги постигнете посакуваните цели и подобри резултати. Со помош на фантазијата која ќе ви биде поттикната со подигнувањето на свеста и креативните таленти, ќе се истакнете. Ќе остварите неверојатен успех. Оние кои се занимаваат со уметност ќе станат популарни.


Родените од 5-ти до 8-ми март

Со помошта на планетите кои ви се благонаклонети и во комбинација на вашите физички и духовни сили ќе дојдете до успех. Духовните спознавања ќе ви го направат животот похармоничен и полесно ќе дојдете до остварување на посакуваните резултати. Фантазијата и креативноста ќе ви бидат истакнати во текот на 2016-та година. Вашиот интерес ќе ви биде насочен кон одредени општествени случувања.


Родените од 9-ти до 14-ти март

Во текот на 2016-та година ќе се ослободите од сè она што повеќе не ви користи или не ви носи задоволство и додека го правите тоа, не чувствувајте грижа на совеста. Среќата ќе ви биде наклонета, но поттикнете ја вашата внатрешна сила. Насобраните фрустрации заради проблемите од минатото морате да ги фрлите од умот, бидејќи само така можете да изградите подобра иднина за вас и вашето семејство, а воедно и посреќна иднина.


Родените од 15-ти до 20-ти март

Првите шест месеци од 2016-та година ќе ги употребите за работа на себеси, за создавање на нови темели благодарение на поранешните искуства и подобро разбирање на ситуациите. Ако сакате да постигнете напредок во текот на оваа година, ќе морате да се соочите со привремени потешкотии, но не дозволувајте тие потешкотии да влијаат на вашата мотивација, ниту пак на патот кон напредок, успех и остварување на целите и замислите.


Заклучок:
2016-та година ќе ви биде одлична година и што и да посакате ќе можете да го остварите. Донесете вистински одлуки, ако сакате да напредувате.

Би можело да ве интересира:

Која е идеалната летна дестинација за секој хороскопски знак? За Лавовите, одморот на Малдиви во луксузен ресорт е најдобриот избор, додека на...
Денес е последната супермесечина за 2023 - Како ќе влијае врз секој хороскопски знак? Бик - Повторно ви се враќаат голем број стравови што сте ги потиснувале, па можн...
Единствениот начин на кој секој хороскопски знак прифаќа раскинување на врска Близнаци - Близнаците се одлични дипломати, па ќе пробаат да преговараат со вас ...
5 хороскопски знаци кои се совршени сопрузи Емотивните Риби секогаш ги ставаат потребите на сопругата пред своите, а можат д...
На кое (ризично) место треба да имате секс, според хороскопскиот знак? (18+) Водолии, вие сте навистина отворени кога станува збор за секс. Дефинтивно ќе се ...
Какви личности треба да избегнувате, според хороскопскиот знак? Девица - Не ви треба некој што лесно губи контрола, а потоа секогаш очекува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg