Голем љубовен хороскоп за 2016-та: На Раковите храброста ќе им се исплати, а Јарците ги очекуваат проблеми

Оние кои се сингл ги интересира дали оваа година конечно ќе пронајдат љубов, додека оние кои се веќе во врска, ги интересира каков тек ќе има истата.

golem-ljuboven-horoskop-za-2016ta-na-rakovite-hrabrosta-ke-im-se-isplati-a-jarcite-gi-ocekuvaat-problemi-01.jpg

Големиот љубовен хороскоп ќе ви открие на што треба да внимавате, а на што да се препуштите ако сакате љубовта да успее:

Овен

Ако сте сингл: Фокусирани сте на постигнување на целите, па затоа оваа година љубовта ќе ви оди од рака. Доколку веќе имате симпатии кон некоја личност, големи се шансите тие да се развијат во врска. 2016-та е година во која ќе искусите стабилност и хармонија.

Ако сте во врска: 2016-та дефинитивно ќе биде ваша година. Иако сакате независност, откако ја пронајдовте идеалната личност целото време ќе сакате да и го посветите на неа. Поддршката од партнерот ќе ви помогне да ги надминете кавгите со блиските, па дури и финансиските проблеми. Кај долгите врски, можни се понуди за брак.


Бик

Ако сте сингл: Потребна ви е доследност и не можете да ги поднесете непредвидливите луѓе. Барате човек кој си го одржува зборот. Ако запознаете некој таков, нема да зажалите ако брзо влезете во врска. Иако внимателност е вашето средно име, понекогаш е добро да ризикувате и да не знаете се однапред.

Ако сте во врска: Тврдоглавоста ќе ви донесе неволји и кавги. Инсистирањето на тоа да сте секогаш во право ќе ве доведе до кавги, па затоа во 2016-та повеќе посветете се на ставовите и гледиштата на партнерот. Време е за емотивна трансформација и смирување.


Близнаци

Ако сте сингл: Додека другите не можат да го тргнат погледот од вас, вие без проблем ќе останете со ладна глава. Сепак, не дозволувајте да ги игнорирате симпатиите кои вие ги имате. Верувајте им на своите инстинкти. Кажете им да на новите шанси, ова е одлична година за нови почетоци.

Ако сте во врска: 2016-та ќе ви разбуди емотивни конфликти. Главниот ќе биде дали и понатаму сакате да останете во врска или попрво би биле сами. Размислете дали партнерот и понатаму ве возбудува и изненадува. Не се плашете од големи одлуки само за да не останете сами.


Рак

Ако сте сингл: Потребно ви е време за повторно да им верувате на луѓето, но оваа година храброста ќе ви се исплати. Искажувањето на симпатиите може да во донесе позитивни промени и стабилни љубовни врски.

Ако сте во врска: Вашите инстинкти нема да ве изневерат. Без разлика дали чувствувате дека „тоа е тоа“ и сакате да одите чекор понатаму или едноставно ќе сфатите дека нешто не е во ред – слушајте го внатрешниот глас. Можен е љубовен притисок кој ќе го надминете само со искрен разговор со партнерот.


Лав

Ако сте сингл: Не претерувајте со анализирањето и направете го првиот чекор. Ќе се изненадите од резултатот. Ова е година кога сите ќе ве забележуваат, вклучувајќи ги и луѓето за кои мислите дека само вие чувствувате симпатии. Не бидете толку резервирани.

Ако сте во врска: Премногу сериозно ја сфаќате врската и тоа е добро, се додека имате разбирање за партнерот. Пред да направите било што, добро размислете дали тоа е од љубов или само затоа што партнерот тоа го очекува од вас. Проверете колку труд и напори вложувате, а колку добивате. Во 2016-та клучен е балансот.


Девица

Ако сте сингл: Пребирливи сте кога се работи за личностите со кои го поминувате времето. Сепак, редот знае да биде досаден. Не се плашете од предизвици и новости. Имајте поголема самодоверба за да го направите првиот чекор кога некој ќе ви падне во очи.

Ако сте во врска: Обожавате да му посветувате внимание на партнерот, но во 2016-та мора да внимавате да не се запоставите себеси.  Верувајте и на интуицијата. Потребна ви е комуникација за да ги уништите препреките со кои ќе се соочите.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Една работа што треба да ја слушнете пред да стапите во брак, според месецот на раѓање Мај – не си дозволувајте животот да ви стане монотон штом ќе стапите во брак. Из...
Шест хороскопски знаци кои се срамежливи, но самоуверени На Лавовите им е многу важно каков впечаток ќе остават, па затоа делуваат срамеж...
Една досадна навика со која ги нервирате сите, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте скржави со пари, без разлика колку многу имате. Лавови, вие сакат...
Една навика од која треба да се ослободите годинава, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредна и амбициозна личност, но перфекционизмот не ви дозволува д...
Љубовен хороскоп за јануари 2026: Близнаци - ќе направите љубоморна сцена, само за да го тестирате п... Девици вам ви е поважна хармонијата отколку страста и токму на тој начин и ќе ба...
Која врата ви ја отвори вчерашната лунарна еклипса, според хороскопскиот знак? Лавови, можеби ќе сфатите дека проектите во кои сте вложувале многу енергија не ...

Најчитани неделава