Шест хороскопски знаци кои се срамежливи, но самоуверени
На Лавовите им е многу важно каков впечаток ќе остават, па затоа делуваат срамежливо на почетокот, иако се луѓе со огромна самодоверба.

Кога е во прашање самодовербата, обично замислуваме гласна личност која брзо стекнува пријатели и ја сакаат сите.
Но, само затоа што некој е екстроверт, не значи дека е самоуверен. Истовремено, само затоа што некој е позатворен и е интроверт не значи дека има ниска самодоверба.
Шест хороскопски знаци кои можеби делуваат срамежливо, но се самоуверени:
Близнаци
На прв поглед, Близнаците секогаш делуваат тивко и срамежливо бидејќи размислуваат.
Пред да ја покажат својата самодоверба, прво ги анализираат луѓето околу нив.
Сакаат да знаат дали вреди да го покажат своето вистинско лице, но и дали се компатибилни со новиот познаник.
Откако ќе го испитаат теренот, се покажува нивната вистинска енергија, самоуверено ги споделуваат своите мислења и не ја кријат интелигенцијата.
Рак
Бидејќи сакаат да се чувствуваат сигурно, Раковите не се луѓе кои често склопуваат нови познанства.
За нив проблем е тоа што не знаат како да ги изразат своите чувства. Па, затоа почесто одлучуваат да молчат.
Најпрво го набљудуваат соговорникот за да дознаат дали ќе ги почитува и дали е добар слушател.
Со текот на времето, стануваат сè поотворени и нивната самодоверба станува многу поочигледна.
Лав
Лавовите можат да бидат најгласните знаци во зодијакот, но кога ќе ги сретнете првпат, може да не делуваат така.
На Лавовите им е многу важно каков впечаток оставаат, па затоа на почетокот делуваат срамежливо.
Прво сакаат да дознаат дали можат да му веруваат на некој и дали ќе бидат осудувани од него.
Штом им стане јасно дека се со добра личност, нивната самодоверба почнува да зрачи.

Вага
Вагите се многу повлечени и тивки околу нови луѓе.
Може да се поздрават и да се вклучат во разговорот со реченица-две, но тоа е сè.
Иако можеби делуваат ако луѓе со ниска самодоверба, тие се само претпазливи.
Кога ќе сфатат дека се во добро друштво, стануваат зборливи и станува јасно дека се мошне самоуверени.
Скорпија
Скорпиите не се големи екстроверти и по природа се срамежливи и тивки.
Може да делуваат таинствено бидејќи ја ценат својата приватност.
Но, ова не значи дека не се самоуверени. Напротив, тие се луѓе со голема самодоверба, само не сакаат да ги споделуваат своите тајни со кој било.
Штом ќе пуштат некој во својот живот, почнуваат да го покажуваат и нивното вистинско лице.
Водолија
Како Близнаците, и Водолиите делуваат како тивки и срамежливи личности.
Штом ќе запознаат некој, веднаш пробуваат да сфатат дали можат да се поврзат со него, дали таа личност има потенцијал да им биде пријател.
На почетокот може да изгледа и како да се двоумат, но по некое време се опуштаат и нивната самодоверба излегува на виделина.
Спирова С. | Црнобело