Лавот сака внимание, Ракот е емотивен: Што треба да знаете за секој маж според хороскопот?

Секој човек е различен, а за да ги откриете желбите на луѓето може многу да ви помогне хороскопот.

lavot-saka-vnimanie-rakot-e-emotiven-shto-treba-da-znaete-za-sekoj-maz-spored-horoskopot-001.jpg

Секој хороскопски знак има сопствени желби и интереси, па не е ни чудно што многумина уште на првиот состанок сакаат да знаат со кого си имаат работа.

Имајќи го предвид фактот дека мажите многу потешко се отвораат и зборуваат за нивните желби, овој хороскоп ќе ви помогне како полесно да излезете на крај со нив:

Овен

Добро граден и секогаш опкружен со женскиот пол, Овенот има силен инстинкт да биде во центарот на вниманието. Кај жената сака женственост и разиграност, но нема да остане незабележана ни нивната интелигенција.

Посебно цени ако жената знае дека комуникацијата во машко друштво и не се плаши од нови контакти. Романтичен и добар љубовник, во пракса, голем планер, па најлесно ќе му влезете под кожа ако допринесете за планови кои тој смислил.

Работлив е и лесно доаѓа до пари, но заради екстраваганција брзо и останува без нив.


Бик

Машките припадници на овој знак се доследни на себеси и настојуваат кон практичност во различни животни ситуации. Многу се работливи, но сакаат нивната работа да биде призната и ценета.

Главни маани им се тврдоглавоста и скептицизмот, а често знаат и да ја покажат својата љубомора и посесивност.

Иако, во однос на другите знаци, малку е потешко да се заведат, Биковите во среќна врска без никаков компромис ќе ја бранат честа и сигурноста на својата избраничка, влегувајќи, доколку е потребно, дури и во физичка пресметка.

Знаат да се облечат убаво и имаат талент за финансии.


Близнаци

Интелигентен и комуникативен, овој маж во просек поминува низ многу повеќе врски пред да стапи во брак во споредба со другите знаци.

Неговиот шарм е нешто кое жените веднаш ги привлекува, а ако на тоа го додадеме и неговиот неодолив хумор и позитивните вибрации кои ги испраќаат, не е ни чудо што ниедна жена не останува рамнодушна.

Сексапилни и заводливи, но брзо се заситуваат и сакаат промени. Нивните жени мораат постојано да смислуваат нови начини на кои ќе ги забавуваат и предизвикуваат, што не е баш лесно.

Отворени се за туѓи мислења, но често премногу филозофираат околу своите, што на крајот остава впечаток дека се неодлучни.


Рак

Целосно ориентирани кон семејниот живот, припадниците на овој знак се емотивни и предани на својата партнерка. Имаат силна поврзаност со нивната мајка, а подолгите патувања им разбудуваат носталгија за домот и семејството.

Често го менуваат расположението и многу се внимателни со пари. Слично се однесуваат и при изборот на жена, па ќе им биде потребно подолго време пред да се отворат пред вас.

Припадниците на овој знак сакаат добра облека, и често стануваат талентирани готвачи и писатели.


Лав

Харизматичен и желен за внимание, Лавот има огромна верба во своите способности. Оптимистичен и независен, лесно доаѓа во центарот на женското внимание и знае таму да остане.

Ги исполнува своите должности, но знае и лошо да се однесува со лицата кои му се подредени. Неизмерно тврдоглав, тешко прифаќа пораз, па многу лесно може да се деморализира заради најмал неуспех.

Партнерката мора да ја разбере неговата страст за успех во животот и секогаш треба да биде подготвена на ласкање и охрабрување.

Најлошото нешто што можете да му го направите на Лавот е да го игнорирате или лесно да поминете преку неговите достигнувања.


Девица

Практични и логични, машките Девици често имаат кариера во областа на науката и медицината. Секогаш цврсто на земја, водат сметка за својата хигиена и изгледот и ги забележуваат сите недостатоци во тој поглед кај партнерките.  

Не се многу отворени за покажување емоции, што не значи дека ги немаат. Среќни се кога жените им покажуваат почитување за нивниот интелект.

Нивната главна маана е тоа што имаат недостаток од самодоверба и од партнерката очекуваат доказ за нејзината приврзаност. Но, од нивната рационалност можеме да ја забележиме и нивната внимателност и трпеливост.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Денес, 9-ти август, се случува една од најмоќните полни Месечини во годината - Како ќе влијае на сек... Лавови - оваа полна Месечина може да пробуди емоции поврзани со стара љубов. Ваг...
Што открива за вас последната цифра од годината на раѓање? Ако последната цифра од вашата година на раѓање е 2, вие како да сте подвоена ли...
Финансиски хороскоп за август 2025: Кои знаци ќе „пливаат“ во пари, а кои ќе имаат загуба? Август ќе биде најповолен месец на финансиски план за Раковите - можно е да...
Една работа што најбрзо ви ја руши самодовербата, според месецот на раѓање Родените во април се луѓе со натпреварувачки дух и сметат дека мораат да бидат н...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
Љубовен хороскоп за декември 2025: Јарци – вашите погледи „на страна“ може да доведат до раскинување Зафатените Овни ги очекуваат предизвици кои можат да ја разнишаат врската или да...

Најчитани неделава