Љубовен хороскоп за мај 2016-та година

Близнаците мораат да ја убедат саканата личност во своите емоции, додека пак, Лавовите во текот на мај ќе уживаат во добрата забава и времето поминато со пријателите.

ljuboven-horoskop-za-maj-2016ta-godina-01.jpg

Како ќе го поминете мај?

Овен

Ако сте во врска:

Оние кои се во брак или врска, пренагласено ќе се обидуваат да ја докажат својата љубов на материјалистички начин. Овните ќе посакуваат од партнерите поголемо внимание преку подароци, вечери во ресторани, заеднички патувања или нов мебел, автомобил... Можни се мали расправии и незадоволство поврзано со трошењето на парите и лошата комуникација. Сè до 22-ри мај, додека планетата Меркур се движи ретроградно, нема да најдете разбирање со партнерот. Бидете мудри и почекајте да дојде крајот на мај и сè ќе се одвива така како што посакувате. Потребна ви е вештина и компромис.

Ако сте слободни:

Двете планети кои се важни за вашите чувства, Сонцето и Венера, сега се наоѓаат на полето на парите. Сигурно е дека ќе ги имате и ќе ги трошите на себе и на другите. Во главно немате проблем со сигурноста во себе, но парите ќе ви бидат дополнителна стимулација, па ќе ги користите за луксуз и движење низ високото општество, каде ќе запознаете една галантна Скорпија, Вага, Близнак или Лав. За да ѝ го освоите срцето потребно е да имате толерантен став до крајот на месецот кога можете да очекувате влез во нова и забавна врска. Младите Овни ќе се посветат на пријателите и добрата забава.

Бик

Ако сте во врска:

Биковите кои се во брак или сериозна врска сè уште се наоѓаат во фаза на хармонизирање на односот со партнерот. Ќе се чувствувате прилично добро, ќе бидете полни со енергија, а и ќе го почувствувате љубовниот жар. Вашиот партнер ќе биде окупиран со себе и сопствените проблеми, па нема да биде способен да ве разбере. Сепак, не ви е дојдено време за драстични промени, бидејќи не ви оди од рака ретроградното движење на поголемиот дел од планетите. Затоа, најпаметно е да ја одржите моменталната состојба. На крајот од месецот можно е конечно да дојдете до добра комуникација со партнерот. Трпение спасение.

Ако сте слободни:

На мајското сонце сè изгледа поубаво, а младите Бикови посебно ќе заблескаат. Со својот нов имиџ ќе ги освојувате и крадете погледите на спротивниот пол. Со полни гради ќе уживате во убавите моменти, во флертувањето и кратките забавни врски. Ве привлекува еден Бик, Јарец, Вага или скорпија. Меѓутоа, во првите десет дена од мај, од време навреме, ќе ви се јавуваат носталгични емоции кон поранешната љубов. Во последната седмица од мај ќе бидете заљубени и среќни.

Близнаци

Ако сте во врска:

Во овој период зафатените Близнаци ќе ги истражуваат своите емоции, желби и намери. Сè уште се чувствувате како да сте на тесно, заробени во грижата околу вашиот однос со партнерот, па сами со себе ќе разговарате, анализирате и ќе се расправате. Може ќе му делувате чудно на партнерот со бројните промени на расположението, па најдобро би било да се отворите пред вашиот партнер и искрено да поразговарате. Издржете до 9-ти мај, бидејќи тогаш ќе добиете поддршка од Јупитер и вашиот партнер ќе биде порасположен да ве сослуша. Ситуацијата може постепено да се поправи, а одеднаш ќе почнете да размислувате да стапите и во брак.

Ако сте слободни:

Месец мај ќе ви донесе многу љубов, без разлика на привидната незаинтересираност и зафатеност со други работи. Од моменталната повлеченост може повторно да се пресретнете со некоја стара љубов или да ве заинтригира забранетото овошје. Ќе се препуштите на љубовта, но дискретно и далеку од погледот на љубопитните. Ова расположение ќе ве држи до 20-ти мај, односно до моментот кога Сонцето ќе влезе во вашиот знак и ќе бидете под влијание на неговата позитивна енергија, па повторно ќе посакате да се покажете. Гордо ќе го покажувате вашиот партнер пред пријателите.

Рак

Ако сте во врска:

Поголемиот дел од планетите се движат кон запад или се сконцентрирани на исток, па во вас делуваат две спротивставени енергии кои ве стимулираат на лични промени и развој. Со месеци сте се труделе да ги задоволите другите, а сега дојде време да се изборите за себе и личната среќа. Полека ќе се насочувате кон себе и своите потреби, а оваа новонастаната ситуација ќе биде видлива и може да се покаже како пречка во брачната хармонија и партнерските односи. Партнерот ќе се обиде на различни начини да ве врати во претходната позиција. Мала игра на моќта и повторно ќе станете среќни.

Ако сте слободни:

Пред вас е убав месец исполнет со случувања и емоции. Ќе имате можност преку друштвото со кое најмногу се дружите да најдете некоја прилично интересна личност. Ве привлекува некој Бик, Скорпија, Риба или Девица. Нагласено ќе бидете романтични и расположени да ги истражувате сопствените емоции. Потрудете се да бидете јасни и конкретни, за да не дојде до расправија со луѓето околу вас. Многу веројатно е дека ако одложувате со флертувањето, ќе останете со празни ракави. Искористете го младиот Месец на 7-ми мај и храбро направете го првиот чекор кон личноста која ви се допаѓа.

Лав

Ако сте во врска:

Од втората половина на мај, Лавовите кои се во брак или во долга врска можат да очекуваат постепено смирување на напнатата ситуација од изминатите месеци. Сметајте како да сте дигнале бело знаме и да завладеало примирје. Добар дел од тоа ќе биде како резултат на решавањето на финансиските проблеми кои ќе завршат со успех и добро расположение. Во последната седмица од мај ќе ви се вратат старите страсти и конечно ќе ви се подобри сексуалниот живот.

Ако сте слободни:

 Слободните Лавови месецот ќе го паметат по лудите забави, интересните луѓе, бројните флертувања и авантури. Овој вид на забава полека, но сигурно, ќе започне да се смирува во по последните две декади од мај, кога од само една интимна вечер ќе ви се распламтат страстите. За тоа ќе биде заслужна една многу образована и ситуирана личност која може да биде Овен, Лав, Вага, Водолија или Стрелец. Младите Лавови со својата енергија и шарм ќе се најдат во центарот на друштвото и смело ќе се доближуваат на оние кои им се допаѓаат.

Девица

Ако сте во врска:

Во текот на мај ќе бидете посветени на проблемите на работа и малку време ќе имате за партнерот, а тој со право ќе се бунтува за моменталната ситуација. Најпаметно е веднаш да ги расчистувате недоразбирањата, за да не се вовлечат под кожа на партнерот и да го натераат да се сомнева во вас или вредноста на вашиот однос. Потребно ви е време да се релаксирате, па можете да испланирате некоја романтична вечера со партнерот и пријатно да го изненадите. Семејниот излет во природа ќе ви донесе задоволство и мир.

Ако сте слободни:

Слободните Девици можат да ги изненадат непријатни моменти со средствата за комуникација, па на еден начин тоа ќе ви дојде како спас и причина да поминете повеќе време со пријателите. Ќе заборавите на обврските и слободно ќе можете да се препуштите на размена на мисли, идеи и емоции со луѓето околу вас, што е многу важно при потрагата на партнер. Можно е да наидете на човек кој интелектуално ќе ве поттикнува, кој ќе има исти принципи и ставови. Тоа ќе биде личност од групата Бикови, Ваги, Ракови или Близнаци. Последната декада од мај поголеми се шансите да се зближите со некоја личност која многу ви се допаѓа.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои ги кријат чувства (и не признаваат кога се вљубени) Не, нема да дознаете кога ќе се вљубат Јарците, затоа што тие чувствата ги чуваа...
3 хороскопски знаци за кои овој март ќе биде најсреќниот месец Кој хороскопски знак конечно ќе здивне од проблеми, а кој ќе ги реши финансискит...
Годишен хороскоп за 2024: Рак Во 2024-та ќе имате можности за дополнителна заработка, но и непланирани трошоци...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
3 хороскопски знаци кои очајно (и безуспешно) се обидуваат да им се допаднат на сите Кои хороскопски знаци се опседнати со туѓото мислење до тој степен, што прават с...
Што треба, а што не треба да прави секој хороскопски знак за време на последниот ретрограден Меркур? Биковите не треба да дозволат туѓото мислење да им ја разниша самодовербата, а С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg