10 работи кои ќе ги разберете само ако сте Бик во хороскоп

Храна? Не, благодарам, прво морам да исполнам сè што замислив. Само еден хороскопски знак има толкава тврдоглавост и упорност да ги стави сите работи во втор план со цел остварување на зацртаните идеи. Тоа е Бикот.

10-raboti-koi-kje-gi-razberete-samo-ako-ste-bik-vo-horoskop-03.jpg

Биковите се навистина посебни и имаат свои идеи и замисли кои на другите честопати им изгледаат нејасно и заплеткано, но Биковите имаат јасна слика во главата за своите желби и потреби и знаат точно што прават.

1. Барате совет од пријателите, но на крајот го послушувате само сопствениот

Сите Бикови знаат како ќе го решат проблемот со кој се соочиле, но нема да направат ништо сè додека не поразговараат со пријателите за тоа барам 16 часа.

2. Јас љубоморен/на?! Нема шанси!

Можеби никој од друштвото нема да поверува колку сте љубоморни и колку тие работи навистина ви влијаат, но штом дојдете дома и останете сами, за изливите на љубомора најдобро може да посведочи искршениот кујнски прибор.

3. Луѓето мислат дека сте песимисти, но вие сте всушност само реалисти

Можеби не гледате на чашата како полу полна, но затоа сте свесни дека ви снемува виски во чашата и дека ви треба уште! Ете во тоа е разликата!

4. Не разбирате зошто некои луѓе мора да бидат перфекционисти

Вистинскиот пример кој опишува колку сте практични, а не сте перфекционисти: Иако сте поканети на забава која има изгледи за прерасне во досада, нема да си отидете, туку ќе го извлечете максимумот од неа.

5. Луѓето никогаш нема да сфатат како можете да бидете толку независни

На Биковите не им е потребен никој, одлично функционираат сами со себе и одлично се забавуваат. Одењето на пуст остров за нив не бил никаков проблем, бидејќи и таму одлично ќе се снајдат, забавуваат и целосно ќе уживаат!

10-raboti-koi-kje-gi-razberete-samo-ako-ste-bik-vo-horoskop-02.jpg

6. На прв поглед луѓето не можат да не заклучат дека сте ладни, но зад таа маска се крие едно прекрасно, топло и нежно суштество

Од сите хороскопски знаци, Биковите можеби делуваат најладно, како ништо на светот да не може да допре до нив. Меѓутоа, само нивните пријатели знаат колку љубов, чувства и топлина се кријат во нивните срца!

7. Пријателите во секој момент можат да побараат услуга од вас, бидејќи вие сте подготвени да дадете се што имате ако тоа е потребно

Пари, разговор, гардероба, време... На пријателите им нудите сè што имате а тие знаат дека можат да се потпрат на вас за секоја ситница.

8. Пријателите знаат дека кога ќе ви доверат некоја тајна, таа ќе остане тајна засекогаш

Дечко, другарка, семејство... кој и да се обиде да извлече некаква тајна која ви ја довериле, нема да успее. Дури и да е највкусното чоколадо во прашање, нема да кажете ниту збор.

9. Немате време за патетика... (таа не е воопшто вкусна, така?)

Ако патетиката вмеша прсти, веднаш се откажувате од љубовта сè додека не најдете личност на која можете 100% да ѝ верувате. Не е фер, но така прават Биковите.

10. Кога нешто ќе ви падне на памет, не застанувате додека не го исполните!

Браво тврдоглави Бикови, благодарение на упорноста и тврдоглавоста, нема цел која не можете да ја остварите.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2024: Водолија Во 2024 состојбата на финансиски план ќе ви наликува на вистински трилер. Никога...
3 хороскопски знаци кои ги очекува голема финансиска добивка во јануари Први на оваа листа се Близнаците. Родените во овој хороскопски знак конечно можа...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...
Како да се справите со стресот од работа за да не „прегорите“, според хороскопскиот знак? Близнаци лесно се справувате со неколку проблеми одеднаш, но ова ви предизвикува...
Годишен хороскоп за 2024: Лав Ќе имате голем број финансиски успеси, но тоа не значи дека ќе можете да се преп...
4-те најнеодлучни хороскопски знаци Ваги, кога треба да одлучите нешто, вие како да се парализирате… Кои други ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg