Комуникација, нежност, спонтаност: Што бара секој хороскопски знак во љубовта?

Вага

Вагите во сè бараат рамнотежа, мир, хармонија ... Токму тоа е она што им треба и во врската. Затоа, нивниот партнер или партнерка мора да биде флексибилен и да знае како да се постави кон нив. Партнерот кој од најмала ситница не прави нешто големо е човекот кој ќе ги направи среќни. Исто така, Вагите го ценат трудот и ако забележат дека се обидувате да се приспособите на нив, ќе ви ја простат секоја грешка.

Скорпија

Без искреност и чесност Скорпиите се чувствуваат празно и предадено. Сексот е еден аспект од врската кој им е многу важен, но тоа не значи ништо без отворен став и искреност. Исто така од голема важност за нив е партнерот да знае да ги чува нивните тајни и да зборува наоколу за нивната врска.

Стрелец

Стрелците се специјални суштества кога станува збор за дарежливоста. Тоа не се однесува само на материјалните подароци, иако сакаат на тој начин да ја искажат љубовта, туку на давањето и примањето во целина. Од партнерот, исто така, ќе бараат повремено да им дозволи да бидат во центарот на вниманието. Добар секс, се разбира, е неизоставен дел од приказната за давање и примање.

Јарец

Сè што е спротивно на мрзеливост - почит, работна етика и слично - сето ова е тоа кое ги одржува Јарците во живот, а подеднакво им е важно и во љубовта. Емоционална посветеност е главната работа која ја бараат од партнерот. Сепак не ги сфаќајте работите здраво за готово, бидејќи понекогаш и премногу пофалби може да бидат сфатени сосема спротивно.

Водолија

Водолиите сакаат експериментирање и возбуда од секаков вид. Она што несомнено ќе им го исполни животот се авантурите. Сепак, во врските на прво место ги ставаат чесноста и отвореноста за нови идеи, но и за прифаќање на разликите. Тоа не значи дека треба да се согласувате со сè она што Водолијата ќе каже, но секако ќе мора најпрво да ја сослушате.

Риби

За Рибите со сигурност може да се каже дека се најнежниот и најчувствителниот знак во хороскопот. Затоа, нивните партнери мора секогаш да внимаваат да не им ги повредат чувствата, барем не намерно, бидејќи таквото однесување нема да донесе ништо добро. Рибата бара партнер кој е внимателен и духовит, но и кој знае да се искаже без употреба на непристојни или груби зборови. Имајте на ум дека ќе им треба некој кој ќе ги утеши кога ќе заплачат, а тоа секако дека порано или подоцна ќе се случи.

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Кои се среќни денови во декември за секој хороскопски знак? Последниот месец во годината, исто како и останатите 11, носи по неколку среќни ...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
4 среќни и 4 несреќни хороскопски знаци во мај 2026: Кој ќе ужива, а кој ќе биде под стрес до крајот... Астролозите направија листа на 4 среќни, но и 4 несреќни хороскопски знаци во ма...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава