Како изгледа свадбата на секој хороскопски знак?

Вага

Свадбата на Вагата мора да содржи уметнички и историски елементи. Гудачки оркестар, најава на младоженците со романтична поема и совршен прв танц ќе го одбележат денот на мирољубивите Ваги. Поважно им е видеото од фотките, бидејќи ќе сакаат да се потсетат на секој миг од нивната свадба со насмевка на ликот.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-8.gif

Скорпија

Скорпијата не ја разбира баш целата таа свадбена опсесија. Знакот кој љубоморно ја чува својата приватност повеќе би сакал да склучи брак подалеку од очите на сите, макар и на осамена плажа само со избраникот на својот живот. Можно е да склучи граѓански брак без никој да знае, и еден месец подоцна да направи свадбена веселба. Без многу грижа за тоа што другите мислат, Скорпијата ја прославува својата љубов со многу шампањ.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-9.gif

Стрелец

Свадбата од соништата за авантуристичкиот Стрелец вклучува егзотична дестинација. Втората опција е прослава во природа во рустичен амбиент, под шатор и подиум за играње. Свадбата е проткаена со хумор, откачени фотки и задолжително вовче за време на танцувањето. Стрелецот се радува на огномети, искрени здравици и мени кое вклучува печено месо.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-10.gif

Јарец

Зборот „елеганција“ е клучен кога Јарецот организира свадба. Секој детаљ е промислен по неколку пати, од храната до виното кое Јарецот го одбрал самиот по свој вкус. Семејството зазема почесно место, но не ги диктира правилата за време на свадбата. Јарецот е диригент и ги држи сите конци на свеченоста каде што сè мора да помине во совршен ред.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-11.gif

Водолија

Вистината е дека Водолијата не е антиромантичар, но именката свадба звучи малку бесмислено за слободниот космополитски дух на овој знак. Водолијата го мрази вниманието кое ѝ е насочено, и наместо тоа сака прослава без многу помпа, каде што сите ќе бидат подеднакво вклучени. Наместо букет за невестата, Водолијата ќе постави кутија за донации. Нејзините најдобри другари ќе свират на свадбата, а веднаш покрај приборот за јадење ќе ве дочекаат картички со оригинални љубовни пораки.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-12.gif

Риби

Кога невестата Риби влегува во просторијата, ретко кој нема да пушти солза при нејзиното појавување, бидејќи и самата таа е возбудена поради силните емоции. Рибите имаат око за детали и сакаат тематски венчавки. Најсреќни се кога и останатите гости подеднакво уживаат во свадбата, правејќи ја ден за паметење.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-13.gif

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...

Најчитани неделава