Според хороскопот: Колку лесно можат да ве извадат од кожа?

kolku-lesno-mozete-da-gi-izvadite-od-koza-horoskopskite-znaci-1.jpg

Вага

Вагите ако се налутат ќе го покажат тоа со зборови, а често пати и со насмевка. Тие се најчудниот од сите зодијачки знаци кога се налутени, па затоа секогаш ќе се двоумите со што точно сте ги навредиле или налутиле.

Скорпија

Скорпиите никогаш нема да заборават дека сте ги навредиле или налутиле, и сосема јасно ќе се сеќаваат и на причината за тоа, бидејќи кај нив навредата најчесто е поврзана со нивните емоции. Можеби и нема да ви кажат дека сте ги налутиле, но бидете сигурни дека ќе ги чекаат своите 5 минути за да ви вратат.

Стрелец

Стрелците се променливи, а тоа значи дека ако се налутат ќе пламнат, но тоа нема да трае долго. Ако ги замуабетите околу нешто друго, ќе заборават и за причината и за навредата, па нема да мора дополнително да се објаснувате или извинувате.

Јарец

Јарците кога се лути – лути се, иако може да не ви кажат зошто се налутиле. За нив се вели дека имаат долга и добра меморија, затоа што со нив владее планетата Сатурн, која се поврзува со времето и вечноста.

Водолија

Водолиите често во разговорите делуваат како да се лути, иако не се, а ако навистина се налутат, тоа е нешто што трае. Нивните зборови ќе бидат стрели насочени против вас во текот на долг период.

Риби

Рибите се исто така променливи, а тоа значи дека може да ги повредите нивните емоции, но нема да ви се лутат долго. Знаат да „страдаат“ најмногу од сите знаци, но знаат и најлесно да простувааат.

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...

Најчитани неделава