Kој хороскопски знак може да добие 7ца на Лото?

koj-horoskopski-znak-ima-najgolemi-shansi-da-bide-milioner-01.jpg

Вага

На многу луѓе им се чини дека не вреди да се трудат да добијат нов автомобил преку заработка и добивање на малку среќа. Им се чини дека шансите се толку мали, да не вреди да се обидуваат. Но, Вагите не се меѓу тие луѓе. Со истакнат вкус и стил, Вагите секогаш ќе победуваат на наградните игри каде се добива облека или козметика. За нив, играта која ја играат мора да се допира со нивниот идеал, убавината.

Скорпија

Без оглед на тоа што може никогаш нема да го остварат својот луд сон и да прошетаат на тепихот на казината на Монте Карло, секоја Скорпија ја привлекува рулетот, триењето на коцките и парите кои се губат и добиваат. Бидејќи, на вистинскиот коцкар не му е пресудно дали секогаш ќе добие. Казиното е место каде владее случајноста, а нив тоа лудо ги возбудува.

Стрелец

Стрелците не сакаат долго да бидат на едно место, па не ги интересираат игрите во кои се седи со прекрстени нозе и се чекаат резултатите. Страствените играчи ќе ви потврдат дека играта бара движење на мускулите, а такви се баш Стрелците. Не ги интересираат ни игрите во кои мораат да ги активираат мозочните клетки. Животот за нив е премногу краток за ментално да се напрегаат. Едноставните правила на игра како и моменталната добивка им се најпривлечни на Стрелците.

Јарец

Тие секогаш ќе застанат на пазарот каде некој досетлив странец од две парички креира три или од сноп пари ја вадат баш означената, бидејќи тоа за нив е најголем предизвик на нивната интелигенција. Јарецот никогаш не се потпира само на среќата. Пред да го пополни ливчето, добро ќе размисли колкава е можноста за добивка во која ништо не треба да се препушти на случајноста.

Водолија

За нив сè е можно. Опуштени и неконвенционални, сакаат да испробаат баш сè што им нуди животот, а посебно брзите и едноставни начини на богатење. Нема наградна игра која просечната Водолија не ја пробала или во која не сака да учествува. Уште пред да го купат ливчето, Водолиите размислуваат која е добитната комбинација, а може и да ги сонуваат броевите кои ќе им го променат животот.

Риби

Рибите не сакаат да се заморуваат со широката понуда на игри на среќа. Малку се вознемирени и се плашат од губењето, посебно не сакаат да учествуваат во нешто така сомнително како што е лотаријата, обложувањето или игрите со карти. Им се чини дека другите поседуваат дополнителни вештини за добивање, а токму заради тоа имаат и ниска самодоверба.

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Во која област ќе ве следи најмногу среќа во 2026-та, според месецот на раѓање? Ако сте родени во јануари, годинава конечно ќе имате можност да ги наполните бат...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Колку се (не)среќни хороскопските знаци во животот? Рибите се исклучително среќни, но толку многу се навикнати работите да си одат п...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Зошто животот ви изгледа здодевен и монотон, според хороскопскиот знак? Девици, вашите вештини за организација се ништо помалку од импресивни. И, иако м...

Најчитани неделава