4 хороскопски знаци на кои во ноември ќе им се исполнат љубовните желби

Дали ноември ќе ви донесе остварување на љубовните желби или ќе биде само уште еден просечен месец во низата?

4-horoskopski-znaci-na-koi-vo-noemvri-ke-im-se-ispolnat-ljubovnite-zelbi-1.jpg

Овие 4 хороскопски знаци ги следи среќа на поле љубов во 11-от месец од 2016-та година:

Бик

Сè до 21-ви ноември 2016-та година, љубовниот живот на Биковите ќе им биде на прво место. Нивната главна грижа ќе бидат партнерите и односот. За жал, во одредени моменти ќе мора да одберат дали ќе им веруваат на очите или на срцето. Саканата личност ќе оствари успех од кој и вие ќе имате индиректна корист. На еден или друг начин, во текот на октомври можно е да се помешаат љубовните и професионални интереси.

Близнаци

Очекувајте подобрување на љубовните врски во текот на ноември 2016-та. Очекувајте многу емоции, но и сериозност. Овој период од вас побарува подлабоко поврзување. Во последните две декади од месецот можете да очекувате важни случувања, одлуки, остварувања и пронаоѓање на решенија на проблемите кои долго време ве мачат. Ќе мора да пребродите одредени проблеми и да замижите ако сакате да стигнете до каде што сакате. Но, овој ноември ќе успеете.

4-horoskopski-znaci-na-koi-vo-noemvri-ke-im-se-ispolnat-ljubovnite-zelbi-2.jpg

Вага

Ноември е прилично возбудлив месец за Вагите. Страствениот Марс е на ваша страна од 9-ти ноември, па потребна е само мала искра за да се вивне пламенот од љубов и страсти. А, тој пламен може да ве однесе во неочекувани правци. Истражете ги. Ве очекува динамичен период кој е одличен за почнување долги врски, но и за обновување на старите премолчени страсти.

Јарец

Во првите две декади од ноември очекувајте страствени понуди. Жешките авантури се и тоа како можни во периодот до 20-ти ноември и може да се случат нагло, неочекувано, и тоа значи дека нема да потраат. Истовремено ќе имате моќни искуства, интензивни расправи и ситни инциденти. По 12-ти ноември може малку да се смирите. Кон крајот на месецот може да почнете поемотивни врски доколку имате желба. Вашата моќ за заведување ќе биде очигледна овој месец.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
3 хороскопски знаци кои најмногу се радуваат на туѓата несреќа Близнаците откако ќе дознаат за туѓа несреќа, почнуваат да се јавуваат кај прија...

Најчитани неделава