Чувајте се од него: Кој е најпресметливиот знак во хороскопот?

Тие мораат да ја анализираат до детаљ ама баш секоја ситница, а потоа да ја преиспитаат со својот аналитички ум, за дури на крајот да донесат некаква одлука.

cuvajte-se-od-nego-ova-e-najpresmetliviot-znak-vo-horoskopot-001.jpg

Во нивниот свет сè е испланирано и организирано. Тие се точни и пресметливи.

Сите нешта ги расчленуваат на најмали делови, внимателно ги пресметуваат сите можни опции, за да крајот да донесат одлука која не би можела да биде погрешна.

Тoa се Девиците.

Кај нив нема пропусти. Тоа ги навредува, па е речиси невозможно да се случи.

Нивниот мозок е сличен како тој на Близнаците, што не е ни чудно, имајќи гo на ум фактот дека нивни владетел е Меркур.

За разлика од Близнаците кои се луди и забавни, Девиците не знаат како да се забавуваат.

Не сакаат кога некој ги прекинува на средe реченица и во тој момент стануваат многу нервозни. Имаат многу „краток фитиљ“ и знаат лесно да избувнат.

Она што ги ужаснува се човечката глупост, непромисленост, неточност...

Знаат да бидат големи злоамтила, а во некоја кавга ќе ве потсетат на деталите од пред многу години, на кои вие и секој друг , нормално не би се сетиле никогаш.

Поседувањето на изразена логичка интелигенција, честопати ги доведува во конфликт со самите себеси, но и со нивните емоции.

За нив во сè мора да има логика. А, кај емоциите таа е најмалку присутна. Токму затоа, емоциите се вечен проблем за кој не можат да најдат логичко објаснување.

Сè она во кое нема логика и точност, за Девиците е еднакво на хаос, а често знаат да го изгубат тлото под нозете и да бараат некој на кој ќе се потрпат.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Кои се среќни денови во ноември за секој хороскопски знак? Секој месец носи по неколку среќни денови за секој хороскопски знак. За некои та...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...

Најчитани неделава