Љубовен хороскоп за јануари 2017-та

ljuboven-horoskop-za-januari-2017-ta-1.jpg

Вага

Во љубовта ќе ви се отворат нови видици од личности во блиска околина, кои досега не сте ги сметале за привлечни. Неочекуваната романтична средба може да ви се случи токму некаде во соседството.

Исто така, можно е емотивно зближување заради финансии или образование. Не ја мешајте љубовта со овие две работи.

Не бидете нетрпеливи. За сè што почнува од 0 е потребно време, затоа немојте да барате сè во истиот момент. Слушајте ги претчувствата кога треба да донесете одлуки.

Првиот месец од 2017-та дочекајте го отворени, со многу теми за комуникација, само така ќе успеете на поле љубов.

Скорпија

На љубовен план работите ќе се одвиваат онака како што вам ви одговара. Во јануари партнерот ќе се обиде да ви ги задоволи сите желби.

Ако сте сами, периодот од 2-ри до 5-ти јануари е идеален да запознаете лице кое ќе стане важно во вашето секојдневие. Ова познанство може да е поврзано и со работното место.

Од потенцијалниот партнер барајте здрав разум, пред сексапил. Само така нема да погрешите.

Јануари е месецот кога треба да ги отворите сите карти и јасно да одредите кои ви се целите во љубовта, за да избегнете евентуални изненадувања и разочарувања понатаму.

Стрелец

Јануари ќе биде месец на разгорени страсти и ќе мора здраво да се потрудите за работите да не излезат од контрола. Честите промени на расположение нема да ви носат мирни односи со партнерот или потенцијалните партнери.

Првиот месец од 2017-та ви носи кратки сексуални средби, но и неколку важни познанства. Либидото ви е посилно од било кога, затоа внимавајте.

Стрелците во долги врски треба сериозно да обрнат внимание на комуникацијата со партнерот, ако не сакаат да ги искомплицираат работите.

Јарец

Ако сакате да имате љубовен мир во јануари, ќе мора да правите многу компромиси. Зрачите со харизма, па познанствата лесно ќе се склопуваат.

Можно е да дојдете во кавга со семејството заради изборот на партнерот.

На зафатените Јарци им се предвидуваат подеми и падови во врската, додека слободните ќе имаат успех во секое заведување, кога и да се одлучат за напад.

Имате доволно време за љубов, затоа не се користете со евтини изговори. Среќата ви е наклонета.

Водолија

Очекувајте поволни емотивни прилики во јануари. Ќе се појави можност за сериозна врска. Работете на познанството кое одамна го имате, но никогаш не сте му посветиле доволно внимание.

Разгледајте ги внимателно пријателите од спротивниот пол - некој од нив можеби е личноста која се труди да ве освои и задоволи, а вие не забележувате.

Но, не дозволувајте овој јануари да ви биде одреден од емоциите, бидејќи сепак потребно е да го вклучите разумот. Грешки се случуваат, но внимавајте да не бидат исти како минатите.

Риби

Месец јануари нема да биде најповолен месец за љубов, бидејќи сте слободни, неоптоварени и само сакате добро да се забавувате со пријателите.

Зафатените Риби ќе ја имаат целата поддршка од партнерот, а слободните ќе ги вкрстат љубовните патишта со деловните. Нешто интересно може да ви се случи и онлајн.

Ова е суштински месец кога треба да откриете што точно барате во љубовта. Но, и да не се согласувате на она што ви е понудено само затоа што можете и имате шанса „да не бидете сами“.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинув... Поголем дел од знаците кои се во врска ќе се соочат со тензија во односот со пар...
Три хороскопски знаци на кои ќе им се случи љубовен пресврт до крајот на јули 2026 Ова е период во кој многу парови ќе разговараат за својата заедничка иднина, ќе ...
Три хороскопски знаци кои овој јуни ќе ги следи голема среќа (на секое поле) Овни, овој месец има потенцијал да ви го подобри љубовниот живот, а 14-ти јуни ќ...

Најчитани неделава