10 принципи по кои живеат хороскопските знаци

10-principi-po-koi-ziveat-horoskopskite-znaci-2.jpg

Вага

1. Тешко функционирам без партнер.

2. Најнепријатното нешто се расправиите.

3. Доколку не можете да ги победите, придружете им се.

4. Принципите се најчесто непотребни.

5. Што и да правиш, прави го во друштво.

6. Убавината ќе го спаси светот.

7. Најтешкото нешто ми е да донесам одлука.

8. Секогаш однесувај се како што се чувствуваш.

9. Не се што ќе започнам, мора да го завршам.

10. Колку помалку опции, толку подобро.

Скорпија

1. Сожалувањето кон себе е најлошо потрошено време.

2. Секој настан има своја добра и лоша страна.

3. Секогаш наоѓам причина за да се насмеам.

4. Сè што работите со страст, ќе има позитивен резултат.

5. Можам да пеам љубовни песни и кога би биле среде војна.

6. Не секој е достоен за мојата елеганција.

7. Кога некој ми се допаѓа, тешко е да сокријам.

8. Сексапилот е клучен фактор за успех.

9. Мојата нежна страна ја покажувам на оние кои заслужуваат.

10. Само тој што силно љуби, заслужува среќа.

Стрелец

1. Секој треба да го вади најдобро од себе.

2. Многу брзо простувам, бидејќи најчесто заборавам.

3. Најдоброто патување, е патот околу светот.

4. Сè што е мало, не е добро.

5. Идеално би било доколку навистина љубовта се одвиваше како во бајките.

6. Невозможно е да ми се лутите долго време.

7. Грижа на совест? Што е тоа?

8. Монотонијата е одлика на просечните личности.

9. Тоа што можеш да го направиш утре, не го прави денес.

10. Можно е да функционирам и без чувство на одговорност.

Јарец

1. Удобно ми е во сопствената кожа.

2. Се борам за работите што мислам дека се морални и правилни.

3. Правилата постојат за да ги почитуваме.

4. Не поседувам многу, но, тоа што го имам е тоа што сум.

5. Не сакам кога луѓето доцнат.

6. Убаво е да сонувате за големи работи, додека сте на сигурно во својата соба.

7. Во виното е вистината, во годините е мудроста.

8. Се исплати да се борите за успехот, трпението ќе ве доведе до него.

9. Годините само ме прават поатрактивна личност.

10. Доколку не возите внимателно, не се ни качувајте во возилото.

Водолија

1. Здодевно е да сте слични на сите останати.

2. Предрасудите се карактеристика на необразовните луѓе.

3. Иднината мора да е убава.

4. Тешко е да бидеш ангел, но кон тоа мораме да целиме.

5. Добрата намера е поважна од доброто дело.

6. Традицијата е непријател на иновацијата.

7. Секс? Има многу поважни работи.

8. Пријателите се секогаш на прво место.

9. Нема подобар и попаметен од мене.

10. Слободата е правопропорционална со мотивацијата.

Риби

1. Полесно ми е да изразам сочувство, отколку да помогнам.

2. Да одбиете коктел, е исто како рибата да одбие вода.

3. Зошто да правите нешто утре, ако можете да го направите задутре.

4. Уредноста е здодевна.

5. Можам да ветам многу, но не и да го исполнам.

6. Мразам да работам под притисок.

7. Можам да ги разберам сите, освен себеси.

8. Каде дува ветерот, таму сум и јас.

9. Сите знаат дека често сум зафатен/а. Малку знаат со што.

10. За што служат чувствата, ако не се за секојдневно да ги искажуваме?

И. И. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава