Љубовен хороскоп за март: Вагите ќе се вратат на бившите, Рибите ќе ги помешаат љубовта и работата

Венера, планетата на љубовта и паровите се наоѓа во Овен во текот на месец март 2017-та година.

ljuboven-horoskop-za-mart-ovnite-kje-iskusat-intenzivni-strasti-ribite-gi-meshaat-ljubovta-i-karierata-01.jpg

Како тоа ќе се одрази на секој хороскопски знак?

Овен

Социјалниот и љубовниот живот повторно ќе ви станaт поинтензивни, бидејќи повторно ќе воспоставите контакт со пријателите кои не сте ги виделе подолго време, со старите колеги од поранешните работни места и поранешната љубов повторно ќе се врати во вашиот живот. Но, очекувајте и старите проблеми да се вратат – проблемите кои не сте ги решиле на време, па ќе се соочите со ситуации во кои ќе ви се наметнат прашања како: дали сте во вистинската врска, што сакате од оваа врска и што очекувате од саканата личност. Марс на сето тоа ќе додаде страст, но во првата декада и потенцијал за расправии.

Бик

Март нема да ви биде најсреќниот месец за љубовни врски. Венера, планетата на љубовта и хармонијата е ретроградна и во куќата која може да донесе разочарување, збунувачки ситуации, ограничување на слободата на избор и едноставно губење на интересот од ваша страна. Најнепријатно од сè е што Марс е на неповолно место до 10-ти март. Заради тоа, првата декада од овој месец не ветува многу. После тоа ќе живнете, ќе ви се врати волјата за акција и ќе се чувствувате посакувани. Најдобар совет е да разговарате со некоја блиска личност која ќе ви помогне во овој период.

Близнаци

Ќе се чувствувате добро во текот на месец март, бидејќи ве очекуваат многу задоволства. Можете да очекувате поддршка од планетите без разлика на тоа какви се вашите околности. Склопот на планетите Сатурн и Јупитер, ветува засилување на врските, градење на солидни цврсти темели, а за некои Близнаци тоа може да значи и веридба или брак. Овој месец ве очекуваат хармонија, нови љубовни искуства, најверојатно преку кругот на пријатели и прекрасни моменти.

Рак

Во текот на март ќе биде јасно дека љубовниот и професионалниот живот имаат нешто заедничко. Положбата на Сатурн ќе биде сместена во вашата куќа за работа, а тоа значи дека статусот, кариерата и работата ќе бидат под влијание на вашите емоции или приватниот живот. Состојбата во овој период нема да ви биде јасна и пријатна, но брзо ќе помине.

Лав

Слободните Лавови може да влезат во нова врска или да ја зацврстат старата и да искусат позитивни искуства во љубовта. За работите да се одвиваат во прав тек, таков каков што го посакувате, имајте на ум дека треба да се концентрирате на добра комуникација. Влијанието на Венера овој месец ќе донесе остварување на вистинска среќа и задоволство, но важно е да знаете дека треба отворено да комуницирате за да се насочите кон развој, ширење и напредок. Не е исклучена и можноста за патување заради саканата личност или заљубување во личност на далечина.

Девица

Во првата декада на март во прв план ќе ви биде саканата личност, а тоа ќе стане видливо за сите околу вас. Најголемо влијание ќе ви привлече психолошката страна на љубовта, па ќе ги анализирате дури и најдлабоките и најсложени аспекти од вашиот однос. Ќе размислувате и за опсесиите, фантазиите и фрустрациите. Ќе посакате да ги откриете сите тајни и скриени страни на тоа што го чувствувате. Истовремено ќе бидете и приземјени и ќе гледате на врската од нејзината практична страна. Некои парови ќе се здружат и на професионален план или заедно ќе инвестираат.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Ретроградна Венера од 22 јули ќе донесе драма и љубовни промени - Како ќе влијае на хороскопските зн... Овен - Ретроградната Венера во вашиот живот може да врати некоја стара љубов (шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg