Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак?

Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното тело што има најголемо влијание и врз вашиот знак.

koj-vi-e-najsrekjniot-den-od-nedelata-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Дали имате ден во неделата кога ви се чини дека сè ви оди од рака? Дури и ако се соочите со сериозен проблем, верувате во себе и лесно наоѓате решение.

Се верува дека астрологијата има големо влијание врз ова.

Кој е вашиот среќен ден, според хороскопскиот знак?

Овен – вторник

На латински, името на вторник потекнува од Марс, а ова е планетата што владее со вашиот знак.

Овој ден ги засилува вашите енергија и храброст, па е одличен за почнување нови проекти или донесување поризични одлуки.

Вторник е денот кога блескате најмногу и кога најлесно се справувате со предизвиците пред вас.

Бик – петок

Венера е планетата што „владее“ со петок, но и со вашиот знак, па ова го прави вашиот најсреќен ден.

За вас, ова е ден за љубов, уживање и релаксација.

Без разлика дали ќе одлучите да си го посветите на себе или ќе пробате да ја разбудите вашата креативност, петок е ден кој ви носи вистинска хармонија и задоволство.

Близнаци – среда

Среда е денот кога вистински блескате. Ова е ден владеен од Меркур – планетата што владее и со вашиот знак.

Па, вашите способности за комуникација, но и вашата интелигенција, посебно се истекнуваат.

Среда е одличен ден за проширување на кругот на контакти, споделување нови идеи, но и ден за бегство од хаосот на секојдневието за да ги наполните батериите.

Рак – понеделник

Вие сте најсреќни во понеделник – ден кој е под влијание на Месечината, односно небесното тело кое владее со вашиот знак.

На овој ден вашата интуиција е особено изразена, а подобро резонирате и со вашите емоции.

Па, понеделник е совршен ден за да се посветите на саканите, но и да одвоите време за себе за да си ја вратите енергијата.

Лав – недела

Лавови, вашиот среќен ден е недела.

Овој ден е владеен од Сонцето – небесното тело што има најголемо влијание и врз вашиот знак.

Во недела вашата креативност е истакната, па имате можност да се искажете.

Прифатете ги сите можности што ќе ви се пружат во овој ден и немојте да ја криете вашата самодоверба, ниту вашиот шарм.

Девица – среда

На латински, името на среда потекнува од Меркур – владејачката планета на вашиот знак.

Овој ден ги зголемува вашите аналитички способности, како и способноста да ги забележувате и најмалите детали.

Затоа, среда е ден совршен за комплицирани обврски, организација и планирање долгорочни и важни проекти.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Пораката што треба да ја слушнете од вашата помлада верзија, според астрологијата Рак – Можете да се грижите за другите без да ги мешате вашите емоции. Туѓата бол...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...

Најчитани неделава