Ретроградна Венера од 22 јули ќе донесе драма и љубовни промени - Како ќе влијае на хороскопските знаци?

Овен - Ретроградната Венера во вашиот живот може да врати некоја стара љубов (што се случила во изминативе 8 години). Не ја отфрлајте веднаш идејата да бидете пак заедно - можеби е добро да си дадете нова шанса.

retrogradna-venera-od-23-juli-kje-donese-drama-i-ljubovni-promeni-kako-kje-vlijae-na-horoskopskite-znaci-01.jpg

Венера, планетата на љубовта, влегува во знакот на Лав на 22 јули 2023, но почнува да се движи ретроградно.

Оваа појава ќе трае до 3 септември 2023, а ќе донесе (поголеми или помали) промени за сите хороскопски знаци – кај некои на љубовно поле, кај други на финансиски план.

Како ќе влијае ретроградната Венера на вашиот хороскопски знак?

Овен

Иако сте познати по тоа што љубовните проблеми ги решавате брзо, ретроградната Венера во вашиот живот може да врати некоја стара љубов (што се случила во изминативе 8 години).

Не ја отфрлајте веднаш идејата да бидете пак заедно - можеби е добро да си дадете нова шанса.

Бик

Ако постојат семејни проблеми кои ве мачат долго време, сега е вистински момент да ги решите, наместо да ги криете под тепих.

Во овој период може да се јават на површина некои стари проблеми и лутина, кои ќе го сменат односот со најблиските. И самите знаете дека семејната љубов е посилна од сè.

Близнаци

Во времето на ретроградната Венера вашата драма ќе биде поврзана со пријателите и чувствата што ги делите со нив.

Ќе гледате појасно на работите и ќе сфатите дека некои луѓе ви носат повеќе непријатности отколку убави моменти, па можно е да прекинете секаков контакт со некои од нив.

Рак

Ретроградната Венера кај вас е поврзана со финансиите. И, нема да ви биде наклонета.

Ова не значи дека ќе банкротирате или дека ќе загубите сè што поседувате, но не е добар период за финансиски вложувања.

Па, ако сте имале планови да купите стан, автомобил, имот или нешто скапо, можеби е подобро да почекате да помине 3-ти септември.

Лав

Ретроградната Венера ќе влијае на вашата самодоверба и ќе ви го намали егото, кое е природно големо за вашиот хороскопски знак.

Ова, всушност, и не е толку лошо, бидејќи ќе имате можност да размислите убаво за чувството на личен идентитет, но и да го смените својот личен стил од корен или начинот на кој се претставувате пред другите. Промената ќе ви годи.

Девица

До 3-ти септември вашата потсвест ќе работи силно, па вие ќе размислувате за старите љубови, драмата од минатото, поврзаноста со некои луѓе...

Ќе добиете желба повторно да контактирате со некои од нив, но можеби е подобро да почекате да заврши ретроградната Венера, па повторно да размислите дали ви требаат во животот луѓето кои сте ги оставиле во минатото.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg