Кинески хороскоп: Децата родени во 2017 година имаат особини на мали огнени петлиња

Оваа година според кинескиот хороскоп е годината на Огнениот петел, па сите момчиња и девојчиња родени во 2017 ќе бидат многу љубопитни со жив темперамент. Силната љубопитност и природно вродениот оптимизам се карактеристиките кои ќе ги одбележат новороденчињата во 2017 година.

decata-rodeni-vo-2017-godina-gi-imaat-osobinite-na-mali-ogneni-petlinja-spored-kineskiot-horoskop-001.jpg

Во годината на Огнениот петел ќе се родат многу лидери, личности со силни организациски и комуникациски способности. Тие ќе имаат т.н. „цврста рака“ на одлучување.

Како најдобро да се снајдете во улогата на родител на малото огнено петле и како да му помогнете во училиште и односот со другарчињата?

Од најраните денови малите петлиња нема да може да се справат со досадата во ниту еден момент. Поради љубопитноста, оптимизмот и живиот темперамент, децата родени во 2017 уште од најрана возраст ќе покажат подготвеност за добра организација, па дури ќе почнат и да наредуваат на кого која играчка му припаѓа.

Доколку имаат братчиња или сестрички, набрзо ќе станат „судии“ кои при секоја кавга ќе одлучуваат кој е во право, а кој е виновен.

Дружељубивоста е дел од особините кои ги красат малите петлиња, но ќе воочите дека ќе сакаат да бидат со другарчињата тогаш кога тие ќе одберат време, место и тип на дружба.

Затоа е особено важно да ја поттикнете нивната толеранција и да им обрнете внимание на најубавите моменти со нивните другарчиња.

Ќе откриете дека малите родени во знакот на Огненото петле особено ќе ги привлекуваат книгите, енциклопедиите и атласите. Нивната интелектуалност е на прилично високо ниво.

Во училиште ќе бидат примерни и дисциплинирани ученици со врвна концентрација, а сепак подготвени за шеги.

Децата родени во годината на Огнениот петел ќе бидат деца кои го почитуваат распоредот и го разбираат значењето на зборот НЕ. Ќе умеат да се грижат за работите кои ги поседуваат и најчесто сами ќе си ги пишуваат домашните задачи.

Нема да има потреба да се грижите кога ќе ги оставите сами дома, потребно е само да имаат доволно проекти од типот „направи сам“, за да се занимаваат.

Како што ќе растат, огнените петлиња сé повеќе ќе почнат да се интересираат за општествените прашања и ќе сакаат да земат учество во акции од хуманитарен карактер.

Општествените неправди и сиромаштијата особено ќе ги погодуваат, па не треба да се изненадите доколку одберат работа со која ќе им помагаат на послабите и загрозените лица.

Огнените петлиња особено ќе внимаваат на својот изглед уште од мали нозе. Ќе сакаат да ја имаат најубавата фризура и најмодерните алишта на себе.

Кои се негативните особини на малите огнени петлиња?

Изостреното око за детали и перфекционизмот често пати ќе им ги нарушуваат односот со другарчињата и останатите, бидејќи тие бараат максимум од сé. Малите петлиња воедно секогаш ќе сакаат да бидат во право, па ќе ги иритираат пријателите, но и родителите и роднините.

Меѓутоа, генерално нема многу проблеми во одгледувањето на овие дечиња. Потребно ќе им биде многу љубов и внимание, но не им одговарајте на нивното 1001 прашање, туку купувајте им книги.

Засакајте го нивниот ексцентричен шарм, но научете ги на тактичност и толеранција. Почитувајте ја нивната потреба за организираност и ред на нештата, како и нивната интелигенција и независност.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...
6 месеци во кои се родени луѓето со кои никогаш не е здодевно (и зошто ви требаат) Родените во декември се душата на секоја забава и луѓе што секој сака да ги има ...
Во кои месеци се родени луѓето што се лидери во животот? (рангирани од најдобриот) 2-ро место: Родени во јули - Ги читате луѓето како евтин роман. Вие ги носи...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...

Најчитани неделава