Скорпијата ќе следи од лажен Фејсбук, Јарецот ќе шири гласини: Бизарните навики на хороскопските знаци по раскинувањето

skorpijata-ke-sledi-od-lazen-fejsbuk-jarecot-ke-siri-glasini-bizarnite-naviki-na-horoskopskite-znaci-po-raskinuvanjeto-02.jpg

Вага - Ќе почнете да се фалите дека сте научиле од лекцијата и дека се чувствувате подобро од било кога

Вагите имаат потреба да изгледаат добро во очите на луѓето. Тие не сакаат другите да забележат дека во нив владее хаос од емоции, затоа ќе почнат да се фалат дека врската била одлична можност да созреат. Однатре ќе бидат во тешка депресија, но пред другите секогаш ќе изгледаат средено и среќно.

Скорпија - Ќе направите лажен Фејсбук профил за да го следите секој чекор на вашиот бивши

Ако сте Скорпија, секако барем еднаш сте го направиле ова. Или барем сте помислиле на тоа. Иако најверојатно вие сте виновникот за раскинувањето поради вашата огромна љубомора и потреба за контрола над партнерот, вие и по раскинувањето ќе пробате да знаете се што се случува во нивниот живот и да не случајно тие се посреќни од вас.

Стрелец - Ќе си купите неповратен билет

Стрелците ќе се однесуваат како едвај да чекаат да бидат слободни. Ќе пробаат раскинувањето да го претворат во нешто позитивно. Но, можат до одат до тој екстрем што нема да кажат на блиските ништо, ќе купат неповратен билет и ќе заминат некаде далеку на подолг период. Сепак ова не е здрав пристап да се справите со раскинувањето, купете сладолед и плачете малку како нормална личност.

Јарец - Ќе раширите гласини за раскинувањето за кои никому не му е ни најмалце грижа

Јарците се грижат толку многу за нивната репутација што кога ќе им пропадне врската, тие се опседнуваат тоа да не влијае на тоа како ги гледаат другите. Не сакаат луѓето да ги гледаат на лош начин, па ќе рашират лажни гласини за да си го спасат образот. Ќе измислат нешто како дека се многу успешни и ги чекаат многу успешни проекти на работа, па немаат време за друга личност во животот.

Водолија - Ќе имате многу чудни барања

Водолиите ќе се трудат премногу да изгледа како тие да не се воопшто засегнати од раскинувањето. Тие ќе имаат многу чудни барања од бившите. Можат да одат до таму и да го викнат нивниот бивши со новата партнерка на вечера со цел да изгледа како тие целосно да го преболеле.

Риби - Целосно ќе го изгубите паметот

Рибите буквално ќе лутаат по планетата откако срцето ќе им биде скршено. Тие нема да знаат кои се и што прават. Неможете дури ни да им судите за нивното однесување, затоа што гледате дека целосно се изгубени во нивните емоции. Тие можат да молат, да плачат, да се појават пред вашиот дом, да се јавуваат на вашите родители и слично.

А. В. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg