На какви типови жени „паѓа“ секој хороскопски знак?

Вага

Вагите веруваат во совршена врска, па постојано се во потрага по совршената жена. Најчесто се заљубуваат во, според нив, „целосен пакет“, односно жени кои изгледаат добро, имаат смисла за хумор, полни се со самодоверба, кои се посветени, даваат поддршка и се интелигентни, но понекогаш Вагите прават грешка и се обидуваат по секоја цена да се поврзат со нив, емоционално и интелектуално.

Скорпија

Скорпиите сакаат да се најдобри и следствено на тоа да го имаат најдоброто за себе, па секогаш се во потрага по многу паметни и истовремено секси жени, со авантуристички дух, пасионирани, атлетски настроени и независни.

Стрелец

Онаа која ќе го стимулира Стрелецот дефинитивно и ќе го освои. Воедно, таа мора да му предизвикува бура од емоции и да биде многу енергична. Жената која постојано ќе го тера да се преиспитува и ќе го предизвикува ќе биде совршената за Стрелецот, бидејќи ваквото провоцирање за него е интересно и пожелно.

Јарец

Навистина многу е потребно за да се вљуби еден Јарец, а жената која ќе му го помати умот треба да е секси, но не нападна, да има самодоверба, но да не биде арогантна и полна со себеси, чувствителна, но да не покажува премногу емоции во јавност. Во секој случај треба да има нејзин сопствен живот, кариера, хоби, интереси и соништа за да го натера Јарецот да се вљуби во неа.

Водолија

Онаа која не дозволува никој да врне на нејзината парада и маршира според музиката каква што сама ја создава ќе ја освои Водолијата. Жената на која не ѝ е особено гајле што некој мисли за неа, жената која го прави она што го сака и кога сака е личност по која Водолијата ќе го изгуби паметот.

Риби

Љубовта е неопходна за Рибите, а нивното срце може да го освои жена која е нежна, многу чувствителна, дарежлива и со отворен ум. Таа мора да сака уметност во каква било форма и апсолутно мора да биде љубезна и некоја која сака животни.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg