Бик и Јарец, Рак и Риби - кои од останатите знаци се хороскопски близнаци?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Фризеркa 28-05-2020


Бик и Јарец, Рак и Риби - кои од останатите знаци се хороскопски близнаци?

Зодијакот бори 12 различни знаци, но кај некои од нив се забележуваат слични карактеристики поради кои може да ги категоризираме заедно како еден вид близнаци.

Koi-od-znacite-se-horoskopski-bliznaci-01.jpg

Сте забележале како со одредени знаци муабетот ви тече одлично, додека со други мора да ви извлекуваат зборови од устата?

Нема ништо чудно во тоа, секој од нас си има своја „сродна“ хороскопскa душа, односно близнак.

Рак и Риби, веројатно нема некое големо изненадување тука, со оглед на нивната сензитивна природа… но, кои се останатите 6 пара хороскопски близнаци?

Бик и Јарец

Овие два знаци не се поврзуваат само поради најочигледното – нивните рогови. Покрај тоа што се премногу упорни и тврдоглави, и Бикот и Јарецот се крајно амбициозни и веруваат дека успехот се постигнува со многу труд и жртвување.

Обожаваат натпревар и сакаат да се докажуваат пред другите. Јарецот и Бикот уживаат во луксузни убави предмети, коишто самите ги заработиле и со кои гордо ќе се пофалат пред пријателите.

Особено се посветени на семејството и пријателите и се лојални луѓе на кои секогаш може да се потпрете.

Овен и Стрелец

Можеби се изненадивте, но она што главно ги поврзува Овенот и Стрелецот е тоа што двата знаци многу тешко ја поднесуваат самотијата. Зависни се од друштво, дружби и излегувања.

Темелни се кога учат или проучуваат некоја нова тема. Не сакаат туку-така и површно да „прелетаат“ низ материјалот, туку длабоко ќе се заинтересираат за деталите.

И Овенот и Стрелецот се одликуваат со голема доза самодоверба, но не се надмени по природа. Уживаат кога треба да го пренесат знаењето на други луѓе и вообичаено се прилично добри учители.

Рак и Риби

Сензитивни, емотивни и идеалисти. Ова се можеби најсродните „близнаци“ во целиот Зодијак.

Кога сакаат да избегаат од реалноста, најчесто фантазираат, односно мечтаат со отворени или затворени очи.

Обата знаци се многу поврзани со домот и семејството. Прилично многу си ги земаат работите „при срце“, па не е ниту чудно што се карактеризираат како најголемите плачковци.

Но, и кај Ракот и Рибите се крие добра и мека душа, која е подготвена секому да помогне, без да очекува нешто за возврат.

Близнаци и Водолија

Она што е особено интересно и кај Водолиите и кај Близнаците е тоа што не се задржуваат подолг временски период на една идеја, место или личност. Зависни се од промени, пацифисти кои лесно се спријателуваат со луѓето, па токму поради тоа имаат многу пријатели.

Во љубовта и едните и другите се нестабилни партнери кои не се врзуваат премногу и лесно губат интерес за личноста која на почетокот им се допаднала. Умеат добро да кажуваат шеги и се прилично омилени во друштвото.

Лав и Скорпија

Двата знаци се стремат да се покажат како најдобри, најубави, најпаметни, само што Лавот го покажува тоа малку поотворено, а Скорпијата посуптилно и позатворено.

Егоисти се, со огромна желба за натпревар и победа. Тешко признаваат пораз, сакаат да се одмаздуваат и не бираат средства за остварување на целта.

Кога се работи за енергијата, Лавот и Скорпијата се несопирливи. Останатите знаци им се чудат на нивниот заразен ентузијазам и енергијата која ја вложуваат за–тотално бесмислени нешта, според другите.

Девица и Вага

Прецизни и перфекционисти, секогаш на страната на правдата. И Девицата и Вагата умеат внимателно да слушаат и да даваат добри совети, дури и кога не се запрашани за истите.

Секогаш наоѓаат време за другите, педантни и организирани, кај двата знаци мора сè да биде перфектно, во најдобар можен ред.

Ги нервира неправда и луѓе кои немаат нималку чувство за дипломатија. Во љубовта се повеќе практични, бидејќи романтиката не им е најсилна страна на која би губеле време во животот, покрај толку поважни нешта.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најголемата иронија кај секој хороскопски знак Сите 12 знаци во Зодијакот си имаат темна, иронична страна која вешто се обидува...
Годишен хороскоп за 2018-та - Вага Во оваа година мора да обрнете повеќе внимание на здравјето, додека не е доцна. ...
Какви се хороскопските знаци кога ќе ви дојдат на гости? Поканата за ручек или вечера во топлината на домот, отсекогаш се сметала за одли...

Спонзорирани линкови: