Близнаците се први да се сликаат за Инстаграм, Јарците се лути: Што прават хороскопските знаци кога ќе видат снег?

Вага

Вагата е весела и позитивна и ужива во снегот. Расположена е дури и за да земе лопата и да го исчисти снегот кој прави проблеми наоколу. Вагите се подготвени веднаш да се впуштат во снежни авантури и зимските игри им се омилени како на мали деца.

Скорпија

Скорпиите не можат да се воздржат и мечтаат за еротско искуство со поглед кон снежна идила. За тоа не постои лошо време и место, но кога станува збор за другите луѓе кои се жалат од снегот, сите им одат на нерви.

Стрелец

Стрелците го гледаат снегот како предизвик и зимска авантура. Тие кога ќе видат снег помислуваат на добра забава и опуштање без двоумење. Воодушевени се од глетката и не се воопшто заинтересирани за чистење на снегот. Еднаш се живее!

Јарец

Јарците секако се исфрустрирани до максимум. Лути се бидејќи природата ги победила и не разбираат зошто снегот не може да се сопре. Може да ги нема никаде и да го поминат цел ден во спиење и одеднаш да се појават со лопата за да исчистат сè, „фалејќи“ се дека мора сè да завршат сами.

Водолија

Водолијата мисли на сè и подготвува топол чај за блиските. Чистењето на снег секогаш е позабавно во друштво, а му одат на нерви луѓето кои несоодветно се облечени за временските услови. Во меѓувреме на сите им кажува дека треба да се благодарни што ситуацијата не е полоша.

Риби

Рибите за ова време мирно спијат во топла постела и воопшто ништо не им е сменето. Нешто им изгледа поразлично надвор, но не даваат многу значење, иако не се среќни кога мора да излезат и преферираат да останат дома.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои ќе имаат среќа во љубовта до крајот на јули 2025 Лав - ако сте сингл, вистинско време да го отворите срцето и да дозволите во нег...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...

Најчитани неделава