Љубовен хороскоп за мај 2018: Биковите се во потрага по сродна душа, а љубовните тајни на Скорпиите ќе се откријат

Се надеваме дека првиот топол месец оваа година ќе ви донесе затоплување на љубовните односи. Но, што велат ѕвездите?

ljuboven-horoskop-za-maj-2018-01.jpg

Дали во месец мај може да очекувате краткотрајни авантури, тајни средби или конечно запознавање на личноста која ќе остане и во добро и во зло?

Откријте што ви носи мај:

Овен

Ако сте во врска:

Избегнувајте да се користите со ситни лаги и измами, неискреноста може да ве чини губење на довербата засекогаш. Внимателно што и како му кажувате на партнерот. Ќе биде неопходно да му ги објасните причините за вашите конкретни потези во овој период.

По 19-ти мај ќе имате шанса да го разубавите вашиот заеднички живот и да внесете емотивна свежина во врската. Тоа позитивно ќе влијае на вашето расположение. Единствено важно во овој период е да ги усогласите работните и домашните обврски со времето кое го поминувате во пар.

Ако сте слободни:

Во првата декада од мај ќе се заљубите во личност која не е слободна, но имате тајни емоции веќе подолго време. На дискретен начин ќе започнете тајна врска, која ќе продолжи и во втората декада од месецот. Кон крајот на мај тоа ќе прерасне во страсна романса која нема да сакате да ја криете.

Ќе ве привлекуваат атрактивни личности склони на авантури, па дури и да не сакате и да не сте планирале на почетокот да се заљубите, тоа ќе се случи.

Бик

Ако сте во врска:

Почетокот на месецот може да ви донесе несогласувања и разминување во размислувањата со саканата личност. Главно, ќе се објаснувате заради вложувањето на заедничките финансии. Бидете подготвени на компромис, бидејќи тврдоглавоста само ќе ве воведе во поголема и покомплицирана криза.

Во втората половина од месецот може да испланирате кратко патување кое ќе ве релаксира од тензиите. Важно е да ја подобрите комуникацијата и да не криете клучни детали. До 23-ти мај ќе успеете да ја вратите хармонијата.

Ако сте слободни:

Ќе бидете занесени со идејата да ја пронајдете сродната душа со која ќе си ги реализирате соништата. Некој кој одамна го знаете ќе ви се чини како идеален партнер, па може да развиете платонска љубов.

Од средината на мај ќе се обидете да се зближите и симпатиите да ги претворите во врска. Дури кон крајот на мај обидите ќе се исплатат. Доколку наидете на краткотрајни компликации, важно е да не се откажете.

Близнаци

Ако сте во врска:

Почетокот на мај ќе ви донесе несогласувања со партнерот, кои очајно ќе се обидете да ги игнорирате и прикриете. Но, со оглед на тајните кои ќе ги премолчувате, потребно е големо трпение за да не ја растурите хармонијата.

Во втората половина од месецот поработете на комуникација и јасно насочете го партнерот кон плановите за иднината. Потребно ќе биде да дадете повеќе внимание од вообичаено и да не ги запоставувате туѓите потреби. Поминувајте повеќе време заедно, надвор од дома.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе добиете огромно внимание од личност со која имате заеднички пријатели. Постојано ќе биде во ваша близина и ќе иницира контакт, а скокотливите прашања ќе ве воведат во интересна авантура која ќе се случи околу 25-ти мај.

За кратко време ќе се соочите со емотивен хаос кој ќе ви ги зацврсти емоциите кон новата личност. Крајот на месецот ви носи неочекувано заљубување.

Рак

Ако сте во врска:

Мај ќе ви започне со добро расположение и пријатни љубовни емоции. Пружете му на партнерот безрезервна поддршка и гледајте како врската станува постабилна и се движи чекор поблиску до заедничката иднина. Средината на мај ќе биде одличен период да ги остварите заедничките цели без многу напори и главоболки.

Внимавајте на малите знаци на внимание. Почесто планирајте активности надвор од дома. Во спротивно, крајот на мај ќе ви донесе заладување на односите, а причина ќе бидат деловните обврски кон кои сте попосветени, отколку на партнерот.

Ако сте слободни:

Овој месец ќе чувствувате зголемена потреба за романтика, вечери со тивка музика и активности под отворено небо. Проблем ќе биде тоа што ќе се помачите додека најдете личност со која може да го правите тоа.

Во втората половина од мај ќе запознаете интересна личност во знакот на Бик која пријатно ќе ве изненади со истиот начин на мислење и функционирање. Нема да ви треба долго пред да се заљубите.

Лав

Ако сте во врска:

Во првата половина од мај ќе имате складна комуникација со партнерот и ќе размислувате на заеднички планови и цели. Бидете подготвени да ја промените секојдневната динамика во име на хармонијата. Неопходни ви се освежувања, бидејќи сте навлезени во монотон период.

После 16-ти мај очекувајте несогласувања и напнатост од непознати причини. Доколку сериозно не се посветите на решавање на проблемите, резултатот може да биде промена на вашиот статус. Неопходно е да бидете разумни и подготвени за договор.

Ако сте слободни:

Потребни ви се нови љубовни искуства. Досадно ви е и треба да најдете нови активности преку кои ќе запознаете нови луѓе. Движете се на нови места за да запознаете некој кој не се вклопува во шаблонот.

Во втората половина на мај потрагата ќе заврши успешно и откако подобро ќе ја запознаете личноста, ќе сфатите дека сте одбрале нешто ексцентрично. Тоа нема да ви пречи и ќе влезете во авантура со добар потенцијал за сериозна врска.

Девица

Ако сте во врска:

Првите неколку дена од мај, поточно до 6-ти, ќе имате зголемена желба за интимност и романтични моменти, па тоа ќе ви ја зацврсти врската или бракот. Организирајте повеќе време за активности во пар и не се штедете да ги кажете искрените емоции. Само така ќе се разберете најдобро.

Во втората половина од месецот буквално ќе ги читате мислите на партнерот и тоа ќе ви донесе можности за продлабочување на врската и преминување на следно ниво. Ова е поволен период за далечни заеднички патувања.

Ако сте слободни:

Веќе подолго време ве привлекува познаник кој делува стабилно, иако го знаете само површно. Не ги идеализирајте вашите симпатии, туку најдете начин да ги покажете вашите квалитети и да ја заинтересирате другата страна.

Набрзо ќе се запознаете толку добро, што ќе планирате заеднички активности секојдневно. Можни се мали разочарувања кон крајот на месецот, но ако добро се снабдите со трпение, успешно ќе ги надминете.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg