Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви ги „помати“ плановите

Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ќе ги прифатите. Ова ќе биде период кога можете да очекувате голем број љубовни возбудувања, па може да направите и грешка.

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2023-bliznaci-kje-ve-osvoi-nekoj-stranec-devici-bivshata-ljubov-kje-vi-gi-pomati-planovite-01_copy.jpg

Што ви носи ноември на поле љубов? Кој може да очекува дека конечно ќе здивне, а кој конечно ќе попушти пред упорните додворувања на личноста што долго време е опседната со него?

Дали постои можност да започнете нова романтична врска и ако сте во брак, дали ќе западнете во искушение да започнете афера?

Љубовен хороскоп за ноември 2023:

Овен

Ако сте во врска

Бидете потрпеливи и обидете се да ги подобрите односите со партнерот, особено ако се работи за некој друг Овен или, пак, за Лав. Најверојатно партнерот го иритира тоа што не функционирало во вашата врска.

Исто така, добро би било да не инсистирате да разговарате на темите што вашиот партнер ги избегнува, затоа што може да се соочите со бурна реакција.

Ако сте слободни

Можно е да се впуштите во афера со некоја личност што не е слободна и ќе треба да бидете особено дискретни.

Особено ќе бидете шармантни и лесно ќе ги освојувате другите, заради што може да се случи до крајот на месецот да завршите во три различни врски: една официјална, една полу-официјална и една што ќе ја сметате само за обичен флерт.

Бик

Ако сте во врска

Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ќе ги прифатите. Ова ќе биде период кога можете да очекувате голем број љубовни возбудувања, па може да направите и грешка и да ѝ го свртите грбот на личноста што искрено ве сака.

Некои од оние во сериозна врска може да очекуваат понуда за брак, а други пак, може да започнат афера што нема да им донесе ништо добро.

Ако сте слободни

Ако одолевате долго време да стапите во врска, овој ноември тоа може да се промени. Некоја страсна личност родена во знакот на Овен или Лав ќе биде доволно упорна за да ви го наметне својот стил, по што ќе почнете да размислувате дека можеби треба да им се препуштите на чувствата, наместо да се обидувате постојано сѐ да контролирате.

Близнаци

Ако сте во врска

Ова нема да биде поволен период за Близнаците на љубовен план. Голем број од припадниците ќе имаат потреба да почувствуваат нешто ново и поинакво, но се чувствуваат врзани заради обврските околу заедничкиот бизнис, имотот, децата, грижата на совеста.

Ако случајно одлучите да се впуштите во афера и да ги задоволите сопствените потреби бидете дискретни затоа што кога сѐ ќе се дознае, најверојатно вие ќе го извлечете подебелиот крај.

Ако сте слободни

Месецов можно е да започнете врска со некоја личност со која имате голема разлика во годините или да ве освои некоја личност што живее во странство, па со која брзо ќе одлучите да започнете врска или да стапите во брак. Сепак потрудете се да бидете потрпеливи и да не носите избрзани одлуки.

Рак

Ако сте во врска

Во овој период со партнерот ќе се посветите повеќе на излегувања и дружења и на тоа да го проширите вашиот круг на пријатели, но и да поминете време со оние луѓе со кои не сте се виделе одамна. Можно е да одлучите да отпатувате заедно со партнерот на некое патување.

Ако сте слободни

Подготвени сте за нова љубов. Можно е да запознаете некоја нова личност преку соработници или пријатели, што ќе ве освои со нејзиниот статус, образование или талент. Повозрасните може да започнат афера или врска со некој што сѐ уште не расчистил со минатото па нема да може да им го посвети вниманието што им е потребно.

Лав

Ако сте во врска

На партнерот нема да му се допаѓа тоа што сакате повеќе од вообичаено да се вклучувате во неговиот приватен живот, особено ако сте го навикнале дека може сам да излегува и да има свои пријатели, а вие да му бидете само повремен гостин. Ќе треба да бидете особено заштитнички настроени кон врската и да имате трпение да ги сослушате сите проблеми што го оптоваруваат во моментот.

Ако сте слободни

Месецов ќе тргнете во поход за да ја освоите личноста што ви се допаѓа. Најверојатно вие ќе бидете иницијатор на средбата или на промените во начинот на комуникација.

Сепак, бидете внимателни вашите иницијативи да не бидат сфатени погрешно, особено ако се обидувате да ја наметнете својата волја или да ја критикувате личноста што ви се допаѓа.

Девица

Ако сте во врска

Ќе имате голема поддршка од партнерот и тој ќе ве мотивира да се покажете во најдоброто светло на поле кариера. Добро би било овој месец да му ги препуштите сите практични прашања поврзани со финансиите, затоа што нема да можете да донесете правилни одлуки.

Некои Девици може да сретнат некоја бивша љубов што ќе им го сврти мозокот и ќе ги натера повторно да ги преиспитуваат своите досегашни одлуки.

Ако сте слободни

Не важите за мошне романтични луѓе, но ако ја запознаете личноста што сметате дека е вистинска за вас, подготвени сте да бидете најголеми заводници. Ќе барате личности со кои може да флертувате, но и да водите сериозни разговори, некој што ќе ве инспирира повеќе да се ангажирате и да станете најдобрата верзија од себеси.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg