Според хороскопот: Кои мажи најтешко ги преболуваат бившите?

Прекинот на љубовната врска не е никогаш лесен, како за жените, така и за припадниците на посилниот пол. Сепак, астролозите велат дека три знака од машката популација, посебно ги погодува раскинувањето.

spored-horoskopot-koi-mazhi-najteshko-gi-preboluvaat-bivshite-1.png

Секој има сеќавање на случка, или, пак, важна личност што оставила траел белег на неговиот живот. Особено кога е љубовта во прашање.

Додека едни со крената глава и оптимизам гледаат кон иднината, а се концентрираат на сегашноста, други не можат така брзо да го заборават минатото.

spored-horoskopot-koi-mazhi-najteshko-gi-preboluvaat-bivshite-2.jpg

Некои, пак, цел век не можат да ја исфрлат од глава саканата личност, како и болката што не се повеќе заедно. Што има да каже астрологијата на оваа тема?

На кои припадници од посилниот пол не им е ни малку лесно да се ослободат од спомените? Ова се мажите кои најтешко ги преболуваат бившите:

spored-horoskopot-koi-mazhi-najteshko-gi-preboluvaat-bivshite-3.png

Раковите важат за непоправливи емотивци, па не изненадува што разделбите се вистинска ноќна мора за родените во овој хороскопски знак. Ним им е мошне тешко да се ослободат од сенката на бившата љубов. Тие се мажи кои многу вложуваат во врската, сонувајќи дека засекогаш ќе бидат со својата сакана. Особено важна им е сигурноста, поради што не им е лесно да го прекинат односот со избраничката на нивното срце. А, со романтичната и сензибилна душа, склони се и да ја идеализираат поранешната девојка. Едноставно не можат да побегнат од себеси.

spored-horoskopot-koi-mazhi-najteshko-gi-preboluvaat-bivshite-4.jpg

spored-horoskopot-koi-mazhi-najteshko-gi-preboluvaat-bivshite-5.png

Лавовите не го подаруваат така лесно своето срце. Меѓутоа, штом во некого се заљубат, родените во овој хороскопски знак ќе направат апсолутно сè за партнерката. Тие се мажи што веднаш посакуваат да го поминат цел живот со нивната избраничка. После прекинот на љубовта, пак, ужасно тешко им е да прифатат дека веќе ништо нема да биде како порано. Од страв дека можеби одново ќе бидат повредени, подоцна се многу повнимателни. Тешко стапуваат во нови сериозни врски, а честопати се присетуваат и сонуваат за старите добри времиња со бившата девојка.

spored-horoskopot-koi-mazhi-najteshko-gi-preboluvaat-bivshite-6.jpg

spored-horoskopot-koi-mazhi-najteshko-gi-preboluvaat-bivshite-7.png

Стрелците се мажи со слободен дух, така што врската со родените во овој хороскопски знак не е едноставна. Тие брзо и често се вљубуваат, ама тешко се одлучуваат да изградат некаков стабилен однос. Девојките им се сопатнички на кратки патеки, сè додека не наидат на првата голема љубов во животот. Само таа ќе успее да ги врзе за себе – и таа е девојката што никогаш нема да ја заборават. Во нивните спомени ќе остане совршена, дури и да ги имале истите проблеми, како и со партнерките пред и после неа.

spored-horoskopot-koi-mazhi-najteshko-gi-preboluvaat-bivshite-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg