Овенот умира прв, Стрелецот тајно му помага на убиецот – знаците како главни ликови во хорор филм

Овој хорор филм е со примеси на црна комедија и секако по малку пародија. Главните ликови се 12-те хороскопски знаци, а како и секој хорор филм, така и овој е фикција и скроен првенствено за забава.

Znacite-kako-glavni-likovi-vo-horor-film-01.jpg

Како се однесува секој од знаците во хорор филм?

Пронајдете го својот и насмејте се:

ОВЕН

Прв добива идеја што треба да се прави во филмот и во која насока да се истражува. Прв се разделува од толпата. Прв и умира, пред сите останати.

БИК

Доаѓа сосема на крајот и ги наоѓа сите веќе убиени. А го снемало сосем кратко, колку да се освежи или да касне малку сладолед.

БЛИЗНАЦИ

Уште на почетокот знаат кој или што е убиецот. Само тие даваат точно предвидување, иако никој не им верува, бидејќи истото звучи како нереално или премногу очигледно решение.

РАК

„Ало? Има некој таму?“ Тоа е оној досаден лик кој постојано го потпрашува ова, како божем убиецот ќе земе да се пријави или да му одговори на прашањето.

ЛАВ

Сосема природно и лавовски, ова е ликот кој ќе се бори со убиецот со специјални зафати и на крајот секако - ќе изгуби. Но, нема да се предаде без нималку борба.

ДЕВИЦА

Девицата е онаа која ќе се жртвува во името на некој друг. Или за доброто на сите, сеедно. Никој друг нема да остане сам зад вратата додека сите бегаат на сигурно, освен Девицата.

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg