Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)?

Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволите на фантазијата да ви помогне за да го зачините сексуалниот живот, а според астролозите би можела да се издвои по една ваква игра на улоги што му е омилена на секој хороскопски знак.

koja-seksi-igra-na-ulogi-mu-e-omilena-na-sekoj-horoskopski-znak-i-zoshto-01_copy.jpg

Прочитајте каква игра на улоги би му се допаднала на партнерот или партнерката, според хороскопот....

Овен – Прво сексуално искуство

Како прв знак во Зодијакот, Овенот го привлекува сѐ што е ново, па затоа и сексуалната наивност особено му се допаѓа.

Подеднакво ќе им биде забавно ако се најдат во улога на наивен љубовник кој го има своето прво сексуално искуство, или искусен тренер што треба да го воведе партнерот во тајните на задоволството.

Бик – Доставувач на пица

Биковите се синоним за комфор, уживање и задоволство.

Затоа играта во која не треба да излезат од дома, може да имаат малку необичен секс и ќе можат да се почестат со пица потоа е идеална.

Ете, тоа е одличен начин да ги задоволите сите нивни апетити.

Близнаци – Неверство

Сакаат да си играат игри и природно се насочуваат кон сѐ што има подвоени вредности, па така им се допаѓаат игрите во кои глумат дека со партнерот имаат афера и ги изневеруваат своите партнери.

Размена на секси пораки, можеби по некоја провокативна фотка и состанок во хотелска соба се нешто што на Близнаците ќе им го обезбеди чувството на нешто ново, што им е неопходно за да не им стане здодевно во врската.

Рак – Водоводџија

Секое сценарио во кое некој доаѓа за да им го уреди и поправи домот, им се допаѓа на Раковите.

За најдобро искуство, можете да искористите и целосна униформа и туш или црево за прскање.

Лав – Славни личности

Лавовите веќе се однесуваат како да се славни личности за кои никој досега не слушнал. Секси играта во која таа тие се славни личности, а нивниот партнер е нивен обожавател, телохранител или новинар ги возбудуваат.

Ова е совршена можност во приватност да го живеат својот сон дека се познати личности по кои сите лудуваат.

Девица – Слугинка/ Батлер

Важат за луѓе што сакаат да ги услужуваат другите, па ќе им се допадне улогата во која може да бидат облечени како секси слугинки или батлери.

Исто така, ќе им се допадне можноста да го заведат партнерот, а им се допаѓа кога тој ќе им каже што треба понатаму да направат и да ги задоволат неговите потреби.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg