Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)?

koja-seksi-igra-na-ulogi-mu-e-omilena-na-sekoj-horoskopski-znak-i-zoshto-02.jpg

Вага – Уметник/ Муза

Нивен владетел е Венера, па затоа важат за големи вљубеници во уметноста и во убавите предмети во животот.

Се чувствуваат удобно во улога на уметници и музи кои позираат голи и успеваат да го заведат партнерот.

Дополнително може интимниот чин да го зачинат со големо платно и боја, од кое ќе остане спомен на незаборавниот миг што го поминале.

Стрелец – Непознати личности

Имаат постојана потреба за слобода, па ќе им се допадне играта на улоги со партнерот во која се преправаат дека се странци што сосема случајно се запознале и одлучиле да имаат секс за една ноќ.

Ќе им се допаднат „ненадејни“ состаноци на некои необични места, брз секс во близина и брза разделба без размена на имиња или телефонски броеви.

Јарец – Газда / кираџија

Во вистинскиот живот сакаат постојано да ги држат сите конци во своите раце и да имаат контрола во секоја ситуација.

Затоа може да им се допадне идејата кога во играта на улоги некој нуди да ги плати долговите на малку неконвенционален и компромитирачки начин.

Водолија – Инструктор по јога / студент

Важат за уникатни личности кои сакаат да пробаат нешто ново. Затоа воопшто не зачудува фактот што може да уживаат во  играта на улоги во која ќе побараат од партнерот да заземе јога поза за да може да ги задоволи нивните потреби и да се опуштат.

Оваа игра ќе им овозможи целосно да го истражат телото на партнерот и да им се препуштат на страстите.

Риби – Сценарио за апокалипса

Со оглед на тоа што премногу сакаат да фантазираат и нивните мисли не се секогаш розови, туку мрачни и темни, ќе им се допадне сценариото во кое тие се последните луѓе што преживеале.

Ќе им се допадне доколку им овозможите ова сценарио да го одиграат некаде каде што нема други луѓе и ќе имаат можност вистински да го искусат чувството на преживување во дивината.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...

Најчитани неделава