4 хороскопски знаци кои секогаш даваат втора шанса во љубовта

Речиси на сите во животот ни се случува барем една љубов на која ѝ даваме втора, трета или бесконечно многу шанси. Сепак, припадниците на знаците Рак, Риби, Бик и Вага се вистински шампиони во овој поглед.

4-horoskopski-znaci-koi-sekogash-davaat-vtora-shansa-vo-ljubovta-001.jpg

Тие ретко ги бришат телефонските броеви на поранешните партнери, се надеваат и често ги обновуваат емоциите, особено во напливот што се случува кога ќе се сретнат.

Мислат дека ако дадат уште една шанса, можеби нешто ќе се смени. Некогаш се во право, но некогаш само повторуваат грешка која ги повредува нивните суети, но и емоции.

Погледнете на кој начин овие четири хороскопски знаци ја манифестираат оваа особина, понекогаш поради носталгија, но често и поради ненадминати чувства.

Рак и Риби

Заедничко за овие два знака, кога се во прашање старите љубови, е што често дозволуваат носталгијата да владее со нив, особено кога ќе чујат некоја специфична песна, ќе посетат заедничко место, ќе помирисаат одреден парфем...

Сите овие нешта може да ги потсетат на среќните денови со бившиот партнер и да добијат желба да му се јават и да се обидат да го обноват она што го имале, заборавајќи дека завршило со причина.

Сакаат да бидат во својата безбедна зона, иако во неа не секогаш е идеално.

Доколку се пронајдовте во описот, потрудете се да не им дозволите на емоциите да управуваат со вашиот разум, бидејќи сигурно не би сакале повторно да бидете повредени како што бевте претходниот пат.

Бик и Вага

Припадниците на овие знаци исто така не сакаат да ја напуштаат својата безбедна зона, но за разлика од Ракот и Рибите, паѓаат на романтика, а помалку на носталгија.

Веруваат во сродна душа и простуваат многу повеќе отколку што треба, дури и кога биле навистина повредени.

Она што ги враќа кај поранешните партнери е идеализирањето на љубовта која ја имале и преувеличување на емоциите кои се појавуваат при случајната средба.

Затоа, не дозволувајте ваквиот наплив на емоции да ви го „помати“ умот и да мислите дека вашето единствено засолниште е токму она од кое, всушност, треба да бегате што подалеку.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бик и уште 4 хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на март Рак - Периодот ќе биде многу поволен и на полето на љубовта, а односот со вашиот...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава