Бикот сака луксуз, Лавот да биде центарот на вниманието - најдеструктивните нешта кај секој од знаците

Секој од хороскопските знаци си има своја зависност. Која е зависноста или порокот кој предизвикува да ја изгубите контролата над себеси? Кога зборуваме за пороци, најчесто помислуваме на дрога, алкохол, прејадување, итн.

bikot-saka-luksuz-lavot-da-bide-vo-centarot-na-vnimanieto-najdestruktivnite-nesta-kaj-sekoj-od-znacite-001.jpg

Сепак, овие не се единствените работи на кои може да се „навлечеме“.

Секоја супстанција или активност која ни предизвикува задоволство и го стимулира производството на допамин во мозокот кој е индикатор за среќа може да претставува избор на зависност.

Согласно пороците и зависностите, која е најопасната и најдеструктивната работа која ја прави секој од знаците во Зодијакот?

Овен - Зависници од адреналин

Радо би го ставиле својот живот (а понекогаш и животите на тие околу нив) во опасност, отколку да седат мирно и да се досадуваат.

Нивната потрага по нови задоволства понекогаш може да ги однесе до експериментирање со дрога, но дури и без ова радикално однесување, Овните не успеваат да го исконтролираат својот страстен темперамент и инхибиции, што неретко им носи проблеми со законот.

Бик – Жед по луксуз и изобилство

Хедонистичките Бикови се подложни на претерано јадење и пиење кога имаат отворен пристап до квалитетна кујна.

Бикот е воедно мошне свесен за вредноста на парите. Доволно ги заработуваат, но тоа не значи дека се сосема задоволни, т.е. не може лесно да го одговорат прашањето колку пари им се потребни во животот.

Имаат желба да бидат опкружени со најдобрите работи во животот, па вечниот шопинг може на крајот да ги уништи нивните заштеди.

Близнаци – Ненаситна желба за комуникација

На Близнаците им е потребно да се добро поврзани, постојано да комуницираат со луѓе. Ретко кој од нив умее да поднесе да биде сам. Нивниот остар, брз ум постојано бара нови извори на стимулација.

Најлесно им е да станат зависници од Интернет, особено од социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук и Инстаграм. Тие едноставно не може да ги одлепат очите и рацете од телефонот.

Рак – Очајна потреба да се припаѓа некому

Раковите се симбол на мајчинство и семејство. Ја ценат својата приватност и ретко се отвораат пред многу луѓе. Но кога конечно некој ќе ја придобие нивната доверба, тие имаат тенденција да го раскажат својот живот од А до Ш и да очекуваат некоја специјален третман.

Имаат очајна потреба да припаѓаат некому и некој да им припаѓа ним со целото свое срце и душа, а кога ова не се реализира според плановите, запаѓаат во очај.

Лав – Потреба за внимание и комплименти

Сите знаеме за горделивоста на Лавот и неговата потреба секогаш да биде во центарот на вниманието. Понекогаш, желбата за внимание им е толку силна, што се во состојба да направат што било само да го добијат посакуваното.

Нивната самодеструктивна природа најмногу се открива во моментите кога трошат многу пари на сјајни предмети, модерни алишта и модни додатоци, автомобили и други предмети за кои сметаат дека им носат повисок статус и углед.

Девица – Сакаат да помогнат по секоја цена

Девиците се талентираните организатори, во нивниот свет сè си има свое точно место. Кога нештата излегуваат надвор од контрола, Девицата запаѓа го еден маѓепсан круг кој се повторува, каде што само се планираат и преместуваат работи, без некој позначаен напредок.

Нивната вродена природа да помогнат секому најчесто им предизвикува проблеми. Би останале во лоша врска или неквалитетно пријателство, само по цена да помогнат или да сменат некого на подобро.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg