Како секој хороскопски знак ја покажува својата најлоша страна?

Скоприја - полни со одмаздољубивост

Скорпиите освен инсерти, ги паметат во својата меморија и емоциите кои ги имале при конкретен настан. Затоа и подолго ги држи лутината и кројат планови за одмазда. Доколку се погоди некој кој ги разбира нивните емоции, може да ја неутрализира оваа нивна особина.

Стрелец - стануваат депресивни и лути

Кога се повредени и понижени, паѓаат во депресија, се повлекуваат во себе, го обвинуваат светот зошто тоа се случувало, се лутат на сите околу нив... Потоа, сакаат да го „уништат“ оној кој ги повредил, но ретко го бираат вистинскиот начин и тоа не им успева. За среќа, ретко се случува Стрелец да биде повреден, па ретко ги покажуваат и лошите страни.

kako-sekoj-horoskopski-znak-ja-pokazhuva-svojata-najlosha-strana-02.jpg

Јарец - обземени од сопствената амбиција

Јарците се обземени од своите амбиции и успеси и сакаат да се движат по патот кој си го зацртале. Она на што забораваат е дека некогаш тој пат може да има и пречки. Тука стапува лошиот дел од нив - почнуваат да се форсираат себе, дури и по цена да ги газат сите околу нив и да не размислуваат за последиците.

Водолија - мислат дека знаат сè

Со овој знак владее Уран, па затоа Водолиите размислуваат подалеку и живеат во иднината. Мислат дека знаат сè и сакаат да го наметнат тоа како факт. Добро во целата ситуација е што секогаш си наоѓаат придружба за да ги слуша и следи и оваа страна не доаѓа толку до израз.

Риби - бегаат од проблемите

Како и секој друг, така и Рибите имаат многу проблеми. Но, што прават тие? Ги игнорираат и бегаат и продолжуваат тоа да го прават додека не ги стигнат. Потоа, мора сепак да се соочат во даден момент и тешко им е наеднаш да ги решаваат сите насобрани проблеми. Затоа, не им е тешко да побараат помош кога ќе им згусти, а со помош на пријателите, се враќаат во нормала.

Е. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...

Најчитани неделава