Утринско, пладневно или ноќно бебе - точниот час на раѓање открива многу за вашиот карактер

Навистина не е сеедно дали сте родени наутро, попладне или пак во ноќните часови. Доколку понекогаш не можете да ги разберете сопствените ставови, постапки или расположенија, можеби нумеричката вибрација со помош на часот на вашето раѓање ќе ви открие многу повеќе.

Tocniot-cas-na-ragjanje-otkriva-mnogu-za-vasiot-karakter-01.jpg

Исто како што секој месец од годината има своја нумеричка вибрација, така и секој час од денот има своја астролошка фреквенција. Тие имаат влијание врз нашиот биоенергетски набој.

Кругот од 24 часа е поделен на 6 нумерички станици. Според вашето точно време на раѓање, откријте каква личност сте:

Ноќни часови – од 20 до 24 часот (полноќ)

Ноќните деца се полни со самодоверба. Тие се природни водачи, а нивниот доминантен дух брзо освојува. Тешко е да ги поколебате, а најмногу страдаат кога некој ќе им го повреди егото.

Специфични се затоа што им е потребно одредено време во денот да го поминат сами со себе, со цел да си ја разбистрат главата, да ги анализираат мислите и да соберат доволно енергија за дружба со другите.

Сакаат да доминираат во секоја одлука и ситуација. Имаат склоност кон филозофија и книжевност. Прилично се продуховени и доколку сакаат може да имаат прилично силно влијание врз останатите луѓе.

Авторитативни се и понекогаш делуваат малку вообразено, но тоа е затоа што бликаат со самодоверба, како и животна и креативна енергија.

Родени помеѓу полноќ и 4 часот наутро

Тивки и смирени по природа. Сакаат да сонуваат, да градат градови и кули од облаци. Имаат бујна фантазија, па понекогаш им е тешко да се снајдат во реалниот физички свет.

Имаат нежна и поетска душа, па луѓето често пати не умеат да ги разберат поради индивидуалниот начин на изразување. Понекогаш делуваат расеано.

Имаат топла душа, секогаш подготвена да им помогне на другите кои се во неволја. Верни се на идеалите од детството и тинејџерството, кои ретко ги менуваат. Често се двоумат помеѓу своите цели кои сакаат да ги остварат, па стануваат немирни.

Сакаат да го пренесуваат своето знаење на другите и се прилично добри како учители.

Раноутрински, родени помеѓу 4 и 8 часот наутро

Најупорни од сите, во сè што ќе замислат. Практични се и тешко може да ги изненадите, бидејќи однапред се подготвени за сите можни добри и лоши сценарија.

Имаат огромна желба да го остварат сè она за што другите сонуваат, а вложуваат и многу труд во целта.

Најчесто се многу интелигентни, но тоа не им носи некоја огромна материјална корист. Се одликуваат со брзина и рамнотежа. Одлично се снаоѓаат во денешниот свет и реалноста.

Тежнеат на другите да им бидат пример и инспирација, па секојдневно се докажуваат како достојни.

Родени помеѓу 8 наутро и 12 на пладне

Претпладне се раѓаат оптимисти и филозофи. Со својата присутност ги развеселуваат сите околу нив. Амбициозни се, па шансите да постигнат успех на професионално поле се огромни, а во приватниот живот се оптимисти и продуховени.

Сакаат да филозофираат за смислата на животот и меѓучовечките односи, а поседуваат и бројни уметнички таленти. Суштество на верба и надеж. Темпераментни, ведри и секогаш со намери кои создаваат, наместо да уништуваат.

Зрачат со несебична љубов и магнетска топлина. Емпатични и софистицирани.

Родени помеѓу 12 и 16 часот

Попладневните деца се енергични и многу креативни. Се одликуваат со темпераментен дух, љубопитна природа и многу енергија. Создадени се да бидат професори, математичари или јавни говорници.

Во поглед на меѓучовечките односи се склони кон конфликти, но ним животот и онака би им бил досаден без малку драма.

Умеат да се снајдат во безизлезни ситуации и се многу практични. Одлични говорници, а ништо полоши и писатели, само доколку ја насочат енергијата во тој правец. На кратко – сестрано надарени луѓе кои умеат да го изразат својот креативен дух во многу различни професии.

Родени помеѓу 16 и 20 часот

Доцна попладне е времето на раѓање на оние кои обожаваат да скитаат. Луѓето родени во овој период ги краси немирен дух кој ги води во нови ситуации и неоткриени места.

Нивната енергија е вистински дар, а тие се секогаш бунтовниците во друштвото. Иако делуваат невешто, тие секогаш имаат план, па нема потреба да се грижите за нивната иднина.

Потезите им се динамични, зборовите остри и силни. Брзо мислат и брзо делуваат. Сакаат да проживеат што е можно повеќе од животот во сите облици.

Често пати ги менуваат своите одлуки и ставови, а неретко работат на повеќе различни планови истовремено кои сакаат да ги реализираат. Многумина мислат дека се несмасни и непромислени, но тие точно знаат што прават во животот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg