Ноември носи комплициран период за три хороскопски знаци

Според астрологијата, завршува периодот на Вагата, па со ѕвездите почнува да владее Скорпијата, чија енергија ќе биде најизразена до 23 ноември.

noemvri-nosi-kompliciran-period-za-tri-horoskopski-znaci-01.jpg

Скорпијата е под директно влијание на Марс, а нејзиното влијание ќе може да се забележи врз сите хороскопски знаци. Кај некои тоа ќе биде благо и занемарливо, но на други навистина ќе им го закомплицира идниот период.

Прочитајте за кои знаци се работи:

Стрелец

Иако следи краток неповолен период, Стрелецот може да биде мирен, бидејќи веднаш по Скорпијата, доаѓа неговото време.

До 23 ноември, Стрелците ќе бидат поуморени отколку вообичаено, па дури и ќе имаат изразена желба да бидат повеќе сами, отколку во друштво.

noemvri-nosi-kompliciran-period-za-tri-horoskopski-znaci-04.jpg

Лав

За Лавовите следува период во кој и кога сè им е под конец, тие нема да можат да се смират. Кај нив ќе биде изразена желбата да поминуваат повеќе време со семејството.

Во идниот период Лавовите ќе бидат понапнати и понервозни, но нема да им треба долго време за да сфатат дека треба да бидат и малку посебични и да се грижат повеќе за себе.

noemvri-nosi-kompliciran-period-za-tri-horoskopski-znaci-03.jpg

Овен

Овните имаат многу астролошки сличности со Скорпиите, па може да настане период кој ќе им биде здодевен и предвидлив. Можно е да изостане желбата за секс и романса.

Сепак, доброто во целата ситуација е што конечно ќе можат малку да се смират и регенерираат, за да се посветат на авантурите и поволниот период кој доаѓа по 23 ноември.

noemvri-nosi-kompliciran-period-za-tri-horoskopski-znaci-02.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Која врата ви ја отвори вчерашната лунарна еклипса, според хороскопскиот знак? Лавови, можеби ќе сфатите дека проектите во кои сте вложувале многу енергија не ...
4 хороскопски знаци на кои во 2026-та ќе им се исполнат соништата Новата 2026 година која е на прагот, најавува големи пресврти и силни планетарни...

Најчитани неделава