Девицата не е под стрес, Бикот не е љубоморен - работи за кои знаците се лажат себеси и другите околу нив

Вага – Не, не лажам

Нежни, со совршено убаво лице и меки движења, Вагите се олицетворение на баланс и хармонија. Но, таа слика е секако малку претерана.

Вистината е дека Вагите сакаат скапи материјални работи, убава храна и вино, едноставно се вљубени во раскошот.

Другите ги доживуваат како алчни и материјалисти, наместо како луѓето кои се претставуваат дека се – балансирани и полни со хармонија и праведност.

Затоа, Вагите по секоја цена сакаат да го одржат имиџот на добри и правични луѓе, па се кријат зад превезот на шармот и срдечноста, иако го сакаат најголемото или последното парче од колачот.

Тоа секако, нема да ви го признаат. Ќе ви речат дека не лажат и дека работите испаднале онака како што требало (иако потајно се надевале дека сè ќе се одвива во нивна полза).

Скорпија – Не сум опседната

Без разлика дали се работи за партнер, работа, некој натпревар или колега којшто потајно го мразат, верувајте дека Скорпијата седи будна длабоко во ноќта и опсесизира за сите овие работи, детално анализирајќи ги работите како некој врвен стратег.

Но, Скорпиите радо би се самоизеле или самоуништиле, отколку да ви признаат дека се опседнати со некого или нешто.

Тие, со еден збор, се моќни. Не постои цел која ќе ја замислат, а нема да ја остварат. Лојални се и ќе направат сè за луѓето коишто ги сакаат, макар тоа било нешто нелегално.

Вешто ги потиснуваат емоциите пред луѓето кои не ги познаваат добро, глумат ладнокрвност и не покажуваат страв, а опседнатоста ја кријат подеднакво одлично, што на крајот ќе поверувате дека навистина не им е гајле.

Стрелец – Не ми е гајле

Не попусто се толку блиску еден до друг заедно со Скорпиите. Стрелците се од оние весели, забавни и авантуристички типови за кои искрено ќе поверувате дека немаат ниту најмала грижа на умот и дека за ништо на светот – не им е гајле!

По природа отворени и оптимистични, Стрелците често пати успеваат да го прелажат светот со својата ноншалантност.

Но, длабоко во себе тие трагаат по многу одговори, а еден од нив е смислата на животот. Зошто сме тука?

Сакаат да ги анализираат и разработуваат темите детално и со посветено внимание. Сепак, не си поставуваат цели со однапред смислен план за реализација, повеќе сакаат да дејствуваат „во од“.

Јарец – Не ми треба помош

Ах, колку типична реченица за еден амбициозен и дисциплиниран Јарец. За нив животот е еден вид на кармичка казна која треба да се отслужи со многу труд и жртви.

Веруваат во системот на заслуга и награда, па често пати го носат целиот товар на своите плеќи, бидејќи само така сметаат дека ќе го добијат заслуженото.

Никогаш не оставаат недовршена работа и не бараат помош од другите. За нив животот е борба, а победник ќе биде оној којшто се трудел најмногу.

Бескрајно упорни и вредни, Јарците ќе работат на исполнувањето на своите цели без ничија помош, макар тоа ги убило.

Водолија – Не сум несигурна

За нив генерално важи мислењето дека може да се здружат со секого, да пронајдат заеднички јазик и најсреќни се кога се опкружени со луѓе кои излегуваат надвор од секој шаблон.

Но, во тие моменти, колку што се среќни, Водолиите и се несреќни, бидејќи сметаат дека не се достојни за ваквата исклучителна група на луѓе.

Започнуваат да се анализираат себеси, и иако по природа се пацифисти и може да пронајдат решение за секој проблем, доколку некој им противречи, Водолиите стануваат жестоки и започнуваат со напад.

Ова им е одбранбен механизам со цел да ја маскираат својата несигурност, во случај некој да смета дека нивните идеи или дискусии се бесмислени.

Несигурноста ја прикриваат и со изнудена оригиналност преку која сакаат да ги шокираат луѓето. Најголемата желба им е другите да мислат дека се невообичаени, ексцентрични и уникатни, и не потсетуваат на никој друг што досега сте го запознале.

Риби – Можам сам/а

Фантазери кои сонуваат со отворени очи, со силно развиена интуиција. Откако ќе увидат дека одреден дел од реалноста не им одговара, по секоја цена сакаат да избегаат и да испливаат во сопствениот свет на соништата.

По природа се мирни, воопшто не се агресивни, и иако најдобро се чувствуваат кога некој друг ги води, не сакаат тоа да му го признаат на светот.

Најчесто ќе ги забележите по тоа како ве уверуваат дека можат да се справат сами со проблемите и предизвиците, кога всушност немаат доволно капацитет и сигурност за тоа.

Емоционални, Рибите реагираат на чувства, а не на физички дејствија. Токму затоа и немаат сила да се справат со стресот на светот кој е раководен од дела, а не од емоции.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg