Според месецот на раѓање: Каква е вашата сексуална енергија?

Едни се прилично перверзни. Други никогаш не се себични љубовници. Трети, пак, жив оган се во креветот.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakva-e-vashata-seksualna-energija-1.PNG

Месецот на раѓање открива мноштво еротски тајни, како за личните склоности, така и за оние на партнерот во постелата.

Каква е вашата сексуална енерија? Дознајте од описите во продолжение:

Јануари

Тие се прилично перверзни, иако ова никогаш не би ви паднало на ум кога првпат ќе ги видите. Потешко се опуштаат, но се мошне упорни кога ќе се заинтересираат за некого. Сексот со овие личности е гарантирано посебно искуство.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakva-e-vashata-seksualna-energija-2.jpg

Февруари

Родените во вториот месец од годината, вообичаено се емоционално дистанцирани, но страствени индивидуи. Тешко е со нив да се поврзете, ама не и невозможно. Со авантуристичкиот дух, тие ќе бидат жив оган во спалната соба.

Март

Сите што роденденот го слават во март, можат со часови да се забавуваат во кревет. Тие се врзуваат за оние со кои спијат, па сексот со нив претставува врв на интимноста.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakva-e-vashata-seksualna-energija-3.jpg

Април

Кога некоја личност ќе ги заинтригира, буквално ништо не може да ги запре. Имагинативни се во постелата, така што рутината брзо им здосадува. Тие даваат сè од себе кога водат љубов. Односот со нив е возбудлив, интензивен и жежок. Но, ако се заврши, тогаш навистина е готов.

Мај

Партнерите родени во мај се просто ненаситни во кревет. Меѓутоа, за да почувствуваат возбуда, потребно е малку повеќе труд. Тие сакаат префинет, сензуален  и пријатен секс. Со други зборови, сакаат да уживаат во самиот чин. Важен им е и амбиентот во спалната соба.  

spored-mesecot-na-ragjanje-kakva-e-vashata-seksualna-energija-4.jpg

Јуни

Повеќето јунски љубовџии уживаат во пробувањето нови пози и детално истражуваат сé за сексот. Ним интимата им е особено важна сфера во животот. Честопати се препуштаат и на жешки телефонски разговори, или, пак, пораки со експлицитна содржина.

Јули

Претставниците на јули не се особи кои можат да спијат со секого. Мора да осетат емотивна блискост со партнерите, како и чувство дека се сигурни во нивно присуство, пред да се предадат на страста. Во креветот не се никогаш себични, туку им причинува задоволство да ѝ угодат на другата страна. Затоа им ги исполнуваат сите желби на саканите.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakva-e-vashata-seksualna-energija-5.jpg

Август

За разлика од претходниците, тие умеат да бидат или пресебични, или, пак, максимално посветени во сексот. Не сакаат кога им се диригира што треба да прават, или, пак, не во спалната соба. Од друга страна, обожаваат самите да се пофалат со своите вештини.

Септември

Родените во деветтиот месец од годината се исклучително страствени, ама и воздржани индивидуи. Потребно им е долго време за да се опуштат и уживаат. Кога станува збор за сексот, тие се спремни да пробаат сé, но само со вистинската личност покрај себе. И ним блискоста со партнерот им е од пресудно значење.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakva-e-vashata-seksualna-energija-6.jpg

Октомври

Октомвриските љубовџии никаде не брзаат. Тие се романтични по природа, па сакаат полека да (ги) заведуваат. Чинот на додворување го сметаат за важен сегмент од сексуалната игра. Со нив сé оди бавно и во постелата. Понекогаш им е неопходен партнер, што ќе ги поттикне да внесат малце повеќе жар во спалната соба.

Ноември

Личностите чијшто роденден е во ноември, пак, изразено се посесивни. Им годи туѓото внимание и секогаш посакуваат да се чувствуваат посебно. Тие се склони кон експериментирање во сексот, иако честопати од единствена причина за да можат да речат дека испробале сé.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakva-e-vashata-seksualna-energija-7.jpg

Декември

Во последниот месец од годината е датумот на раѓање на исклучително талентираните љубовници. Колку што се големи креативци во животот, толку се и во сексот.  Тие глумат разни улоги, си играат и лудо се забавуваат во кревет. Меѓутоа, не е ни малку лесна задача подлабоко да се поврзете со нив.

М. A. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак? Близнаци - површни се и можат со часови да зборуваат само за себе и своите интер...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg