Девиците не сакаат да експериментираат, Скорпиите се совршени љубовници - Хороскопот открива каков е секој од знаците во кревет

Додека некои може да зборуваат сосема отворено на темата секс, за други сè уште истиот претставува табу тема. Но, астрологијата и овој пат нуди одговор на прашањата поврзани со љубовните навики и скриените сексуални желби и инхибиции.

Horoskopot-otkriva-kakov-e-sekoj-od-znacite-vo-krevetot-01.jpg

Што прави секој од знаците под чаршафите?

Овен

Да се има партнер во знакот на Овен значи постојано да се експериментира. Спалната соба не е никаков исклучок од правилото. Овните сакаат да истражуваат и да откријат што е она што најмногу им одговара во сексот, а истото го очекуваат и од страна на нивниот партнер.

За нив сè е прифатливо, освен монотонијата во креветот. Бидете подготвени да преземете ризици и да се фрлите на истражување.

Бик

Бикот никогаш не е здодевен во креветот, но може да биде комплициран, особено доколку не знаете што очекува. Тие може да ве изненадат мошне пријатно, но само доколку самите се иницијатори на идејата.

Она што Бикот најмногу го посакува и му е потребно во креветот е тој да ja има контролата во своите раце. Сè додека им го дозволите ова, обајцата ќе бидете задоволени.

Близнаци

Полни со љубов и забава, Близнаците се секогаш подготвени за нови сексуални авантури. Вие можете да бидете иницијатор на нови идеи или пак да почекате тие да смислат нешто жешко, но бидете сигурни дека со Близнаците ќе имате одлична сексуална хемија.

Сепак, внимавајте – тие сакаат да пробаат сè, но умерено.

Рак

Доколку се сигурни дека го имаат вистинскиот партнер до себе, Раковите ќе направат сè што е во нивната моќ само за да ги усреќат. Но, тие никогаш нема први да предложат нешто поврзано со сексот.

Ќе ги прават работите онака како што вие сакате и ќе бидат среќни сè додека вие сте задоволни, дури и доколку тоа значи дека е потребно да експериментирате во креветот.

Лав

Лавот е апсолутна ѕвезда кога се зборува за сексуалните инхибиции. Обожаваат да бидат во центарот на вниманието, а ова е особено точно кога станува збор за спалната соба.

Вниманието им дава уште поголема самодоверба и ги прави отворени кон многу различни работи. Тие можеби не сакаат толку многу да експериментираат во сексот, но нема никогаш да ви признаат дека не се отворени кон нови идеи.

Девица

Со родените перфекционисти може да бидете сигурни дека работеле многу вредно и напорно за да го добијат сето она што го имаат во животот. Но, ова ги прави помалку експериментално настроени во сексот и се етикетираат како неавантуристички љубовници.

Во кревет, Девиците сакаат да играат „на сигурно“ и се многу конвенционални.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg