Рибите носат 10 слоеви облека на себе, Јарецот јаде сладолед - што прават знаците за време на студената зима?

Овде е мрачно и мрак ме обвива… дел од знаците од зодијакот се особено намуртени за време на зимскиот период и практично хибернираат очекувајќи ги топлите денови со нетрпение.

Sto-pravat-znacite-za-vreme-na-studenata-zima-01.jpg

Други, пак, не можат да ѝ се нарадуваат на зимската магија. Тие со нетрпение го очекуваат првиот снег и како одвај да чекале да застуди, замотани со најдебелиот шал којшто може да го замислите.

Што прават знаците за време на зимата?

Седат пред печката со часови – Рак, Вага, Бик

Ова е тоа славно трио кое никако не може да се стопли. Без разлика дали надвор е 10 или -5 степени, тие се убедени дека е премногу ладно, бидејќи, по ѓаволите – ЗИМА е!

Се буткаат пред печката, греалката, огнот, сеедно и во состојба се да хибернираат и 3 часа пред изворот на топлина и да не се мрднат ниту еден сантиметар.

10 слоеви облека на себе + поларно ќебе – Риби, Девица, Близнаци

„Ладно, ладно е, нели?“ Овие знаци не само што се убедени дека треба да се облекуваат топло за време на зимскиот период, тие по секоја цена ќе се обидат да ти го наметнат нивното мислење.

„Како тоа не носиш долна маица?“ Фрапирани од ова сознание, го повлекуваат поларното ќебе кон себе, иако носат 2 долни маици, 3 потенки џемперчиња, 1 ролка, 1 дебел џемпер и тоа додека се дома.

Тврдат дека воопшто не е ладно и јадат сладолед да ја докажат поентата – Скорпија, Стрелец, Јарец

Добро, сепак можеби малку им е ладно. Но, не планираат да попуштат и тоа да го покажат пред останатите. Овие 3 знаци особено многу ги мразат луѓето кои се зимурливи и кои постојано се жалат на ладното време.

Со цел да ја докажав својата поента, од чист инает ќе купат сладолед и ќе го јадат пред вас, на минусни температури. Ќе си направат и селфи со сладоледот, секако без ракавици, капа или шал на себе.

Пијат топло чоколадо и уживаат во гурманска храна – Лав, Овен, Водолија

За овие знаци акцентот е ставен на хедонизмот, без оглед на тоа која сезона е надвор. Со задоволство ќе испијат неколку шолји топло чоколадо во текот на студениот зимски ден.

За нив зимата претставува сезона кога се јадат малку помрсни, „посериозни“ јадења кои не „трпат“ топло време. Наместо да се жалат, гледаат да каснат што е можно повеќе месо, пастрмајлии и топли чорби.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...

Најчитани неделава