Годишен хороскоп за 2019-та: Девица

Во 2019-та година Девиците треба да избегнуваат вжештени дискусии и кавги колку што е можно повеќе.

godishen-horoskop-za-2019-ta-devica-01.jpg

Ќе имате постепен напредок на професионален и приватен план, но можни се некои проблеми при развојот на настаните.

Резултатите ќе бидат малку одложени, што ќе ве направи нетрпеливи, но и уште помотивирани.

На прво место ќе го ставите вашиот однос со луѓето од околината, а преку контактите со другите ќе работите и на себе и остварувањето на своите соништа.

Работа и финансии

Имате интелигенција, самоуверен настап и одлична меморија, па во 2019-та ве очекуваат големи професионални успеси. Верувате во својата ментална моќ и свесни сте како стојат работите.

Особено продуктивен период за работа ќе бидат првите месеци од годината. Ќе имате предизвици и на моменти високо ниво на стрес, но ќе знаете да се износите со тоа.

Околината ви изгледа немотивирана и здодевна и некои утра самата помисла дека треба да минувате време со такви луѓе ќе прави да се чувствувате летаргично и да не ви се станува од кревет.

Ако сте умерени во комуникацијата со претпоставените, ќе издејствувате покачување на платата. Затоа важно е да издржите во периодите кога само ќе имате желба да ја напуштите работата.

Ќе следува финансиска стабилност и ослободување од голем притисок. Само запомнете да не бидете импулсивни при инвестициите за домот.

Тргнете се на страна од драмите и вие бидете во групата на тие што шират позитивна енергија.

Љубов

Познато е дека во љубовта давате повеќе, а земате помалку. И во 2019-та ќе бидете вљубени, внимателни и посветени на врската.

Интересно е што некое пријателство може да прерасне во љубов. Со некоја личност ќе остварите неверојатно интимна врска. Прифатете ја оваа прекрасна фаза и уживајте во неа.

Иако некои разлики помеѓу вас и саканата личност ќе испливаат на површина, сепак не давајте им значење за да не си ја уништите сета убавина што ќе ви биде сервирана.

Работете константно на јакнење на врската за да успеете да се изборите кога трети личности ќе сакаат да остават црна дамка на неа.

Најдлабоките тајни чувајте ги само за луѓето на кои навистина им верувате. Ако сакате работите да бидат добри, пристапете оптимистично.

Здравје

Здравјето ќе ве служи одлично во 2019-та, само внимавајте на болките во грбот. Особено втората половина од годината ќе ви биде неопходна поголема физичка активност.

Спречувањето на некои состојби е подобро отколку лекувањето и на тој начин менталната енергија ќе ја сочувате за продуктивни работи на други полиња.

Намалете со внесувањето на шеќер и на месо и за на работа приготвувајте си здрави оброци.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблем со парите? Бик - Оваа година ве очекува стабилен финансиски раст. Најповолен период на...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg