Годишен хороскоп за 2019-та: Лав

2019-та година на Лавовите ќе им донесе посебен ентузијазам, кој ќе направи да се чувствувате моќни и посебни, па ќе ве натера за кратко време да ги завршите сите обврски, без никакви компликации.

godisen-horoskop-za-2019ta-lav-001.jpg

Љубовниот живот ќе биде преполн со љубов и топлина, правејќи ве енергични на ментално и физичко ниво. Ако сте родители, мора да внимавате на вашите деца од месец април, до август.

Временскиот период помеѓу април и септември ќе биде охрабрувачки за вас. Можеби ќе добиете подарок, соодветен на вашата карма, поради што ќе чувствувате внатрешна благосостојба.

Погрижете се да имате контрола над она што го зборувате, посебно ако е во моменти на љубомора и бес.

Работа и финансии

Оваа година ќе ги соберете плодовите од сиот напор кој го вложивте во изминатата. Колку што ќе бидете повредни, толку поголема поддршка ќе добивате, како и подобра заработка и останати бенефити.

Сите напори кои ќе ги вложите ќе бидат материјализирани во наредната 2019-та. Продолжете да се движите кон своите цели.

Во наредните 12 месеци добро би влијаела и промената на работната позиција или работното место, доколку не сте задоволни со сегашната.

Парите трошете ги плански и обрнете внимание на приоритетите. Ако решите да живеете пораскошно, ризикувате да ви недостасуваат пари за клучни работи.

Ако сте во можност, во 2019-та инвестирајте многу и често. Не бидете импулсивни и потпрете се на трпението. Поголем финансиски успех ќе доживеете во втората половина од годината.

Љубов

Во 2019-та година ќе добивате љубов во големи количини. Желбите ќе ви се исполнуваат без многу напор, а врската ќе стане многу поинтимна, физички и ментално.

Вашата љубов, како и довербата, ќе станат поинтензивни. Во текот на март или април може да кроите заеднички планови за иднината.

Во 2019-та ве советуваме да се тргате на страна од љубовните конфликти и колку што можете повеќе да се фокусирате на конструктивните разговори. Контролирајте го темпераментот и решете ги сите несогласувања на мирен начин.

Бидете посебно внимателни за да го избегнете егото и суетата, без оглед на тоа дали сте сами или во врска.

Лавовите кои се во долгогодишни врски, имаат големи шанси оваа 2019-та година да стапат во брак.

Здравје

На почетокот на 2019-та нема да се соочите со поголеми здравствени проблеми, но треба да внимавате на малите вирусни инфекции.

Здравјето нема да биде загрозено до мај, но кон крајот на годината мора да бидете повнимателни и да се посветите на избалансирана исхрана.

Ако поминувате низ стресна фаза, задолжително медитирајте и вежбајте нешто што ќе ви помогне да постигнете душевен мир.

Редовните прегледи ќе бидат од исклучителна важност во 2019-та.

Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg