Бикот има најмногу кондиција за држење лутина, Рибите се одлични глумци - Причини зошто секој од знаците е опасен противник

Pricini-zosto-sekoj-od-znacite-e-opasen-02.jpg

ВАГА

Овој знак се истакнува како плиток и површен непријател. Во смисла, може да ги исклучи апсолутно сите чувства, само да победи во битката. Секако, ова ќе го направи со аргументот дека сака правичност и ред, кога потајно сака само да победи и има премногу дебела кожа за да допре некоја навреда до него.

СКОРПИЈА

Масовен капацитет за лутина и насилство. Отровни непријатели. Упорни и непредвидливи, чии акции се подгревани од бесконечните емоции кои не сопираат. Опасно лути противници и најголеми злопамтила. Ниту простуваат, ниту забораваат.

СТРЕЛЕЦ

Ќе направи сè што е во негова моќ, свесен дека ја поминал црвената линија, доколку се работи за бунтовништво со причина или кревање револуција. Сепак, весел противник. Во состојба е да кажува и шеги, додека ја спроведува агендата.

ЈАРЕЦ

Би го жртвувал и здравјето и крвта и семејството и љубовта да стигне на врвот. Егоцентричен, секогаш се става себеси на прво место и не постои ништо друго, освен тој да биде најдобар и да ги собере сите пофалби.

ВОДОЛИЈА

Невозможно е да ја прочитате. Ова е еден целосно непредвидлив непријател кој се менува од минута во минута. Вистински камелеон кој нема да успеете да го препознаете ниту по лутината, ниту по начинот на смеење.

РИБИ

Многу потценети противници. Најчесто глуми волк облечен во кожа на овчичка и со својата наивност успева да ја залаже толпата и да го скрие фактот колку е опасен и прониклив. Со силно изразена интуиција и многу трпение, успева да ја оствари целта и да ги залаже сите.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...

Најчитани неделава