Што предизвикува страв од љубовта кај секој хороскопски знак?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Фризеркa 29-09-2020
Forum Manager 29-09-2020


Што предизвикува страв од љубовта кај секој хороскопски знак?

shto-predizvikuva-strav-od-ljubovta-kaj-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Стравот од осаменост ги тера Вагите да се впуштаат во краткотрајни романси и незначајни флертови. Секако, во меѓувреме сонуваат за вистинска љубов и за врска со содржина.

Мечтаат за љубов од соништата, со целото тело, срце и душа и се плашат дека никогаш нема да успеат да ја најдат. Нивната самоуверена надворешност е само заштитен слој кој го поставуваат околу себе, за да не ги пуштат стравовите надвор.

Скорпија

За Скорпиите најголемиот страв поврзан со љубовта лежи од паниката дека ќе бидат изневерени и предадени, па дури и се во состојба да бидат сомничави кон секого, дури и кон долгогодишните пријатели.

Но, она што уште повеќе ги плаши од предавство и доверба во погрешна личност е откривањето на ситуацијата дека навистина е така. Сакаат целосна искреност од сите околу нив и затоа се резервирани кога треба да започнат нешто ново. Иако изгледаат сосема кул, во нив е вистинска експлозија од емоции која го контролира и нивниот мозок.

Стрелец

Стрелците се полни со љубопитност и енергија, но и со копнеж по љубовни авантури. За нив здодевен живот не се ни брои како живот. Но, не се плашат дека ќе им биде партнерот здодевен, туку напротив, тека тие ќе му бидат здодевни на другиот.

Поради тоа, често се сингл, иако се во потрага по љубовта. Идејата за врзување со некого ја отфрлаат поради страв од монотонија. Но, кога ќе запознаат личност која им се чини како забавна, способни се да се вљубат со целото свое битие и да замижат пред нејзините недостатоци.

Јарец

Јарецот е знак кој има силна самоконтрола, одговорност и дисциплина. Љубовта многу ги плаши поради тоа што може да биде непредвидлива, а со тоа и да им ја наруши контролата која ја имаат врз својот животот.

Нив им е страв дека нема да успеат да ја одржат врската и ако тоа се случи, ќе го сметаат за личен пораз. Она за што најмногу се грижат е гордоста и како светот ги гледа нив, а сигурно не сакаат да бидат гледани како лузери во љубовта.

Водолија

Водолиите имаат длабока потреба за лично време и простор, од каде ќе ги разгледуваат сите отворени можности. Тие се плашат дека љубовта ќе ја ограничи нивната слобода. Но, кога се во врска, се навистина лојални на својот партнер и го гледаат како еднаков на себе - она што сепак ги плаши е дека не го добиваат истото за возврат.

Тие не се плашат дека нема да најдат партнер, туку дека тој ќе биде несоодветен и дека нема да ја цени нивната индивидуалност. Она што никогаш нема да го признаат е дека секогаш им треба прифаќање и одобрување за сите нивни акции, особено ако тоа треба да дојде од партнерот.

Риби

Рибите се подготвени да направат сè за секого и да не очекуваат ништо за возврат. Одлични се во прифаќање на другите, но имаат и некаков нагон да ги „спасуваат“ оние на кои сметаат дека им е потребна помош.

Затоа и често им се случува да влезат во врска (или пријателство) во кое биле искористени и нивниот најголем страв е дека таквото искуство може да се повтори. Сепак, тие се природно романтични души и повторно би направиле сè исто. Колку и да се плашат од приврзување, Рибите не можат да одолеат на таа потреба да бидат со некого на кој му треба сламка за спас.

Е. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кои се најголемите стравови и комплекси на секој маж, според хороскопот? Мажите не се бестрашни суштества, а според хороскопот, секој од знаците има неко...
Толкувања стари 200 години: Народен календар за сите 12 хороскопски знаци Народниот календар е книга која порано ја имало во речиси секој дом. Во него мож...
Лавот има големо его, но и голем страв што мислат другите за него – Помалку познати факти за знаците... Астрологијата носи одредени стереотипи за знаците кои веќе сме ги прочитале мног...

Најчитани неделава