Вагата вика полиција, Девицата ја игнорира ситуацијата - Што прават знаците кога ќе видат тепачка?

Sto-pravat-znacite-koga-ke-vidat-tepacka-02.gif

ВАГА – Веднаш и неодложно врти 192 и повикува полиција. Совесно го пријавува случајот и смета дека правдата треба да биде задоволена, а виновникот соодветно казнет. Ќе се понуди како сведок доколку тоа е потребно, а подоцна на сите им го раскажува случајот и очекува некаква пофалба за сопственото однесување.

СКОРПИЈА – Ќе застане да гледа од страна, внимавајќи да не биде повредена. Доколку може некаде да се скрие и тајно да ја набљудува тепачката, уште подобро. Ќе се изнасмее, ќе „пукне сеир“, а сосема можно е да го вклучи и телефонот и да направи некој видео-клип како доказ за будалаштините на тепачите.

СТРЕЛЕЦ – Ќе застане, но само доколку тепачката му се види интересна. Доколку вклучува некое љубовно разочарување, неверство, предавство, тогаш интересот на Стрелецот се засилува и смета дека може да изгуби неколку минути во набљудувањето. Во спротивно, доколку тепачката му се види досадна и неинспиративна, разочарано ќе си замине.

ЈАРЕЦ – Дали може да има корист, доколку Јарецот се инволвира на каков било начин во тепачката? Јарците точно знаат што сакаат, а доколку искалкулираат дека на некој начин ќе имаат бенефит од тепачката, умеат да бидат мошне агресивни и да делуваат брзо и одлучно. Воедно, важно им е што другите мислат за нив, па доколку има публика да ги види во најдобро светло како херој кој ја спасува ситуацијата, толку подобро.

ВОДОЛИЈА – Многу веројатно е дека ги познаваат луѓето кои се инволвирани во расправијата и ќе застанат со цел да им помогнат. Сепак, нивната помош се движи во разумни граници, а и самите немаат многу време за губење. Доколку увидат дека тепачката ја сочинуваат прилично вжештени глави на кои им нема помош, ќе кренат раце и мирно ќе си заминат, знаејќи дека дале сè од себе да ја спречат.

РИБИ – „ВЕ МОЛАМ НЕ СЕ ТЕПАЈТЕ БРЕ ЛУЃЕ, ЗОШТО ГО ПРАВИТЕ ОВА? ПА ИМАТЕ ЛИ ПАМЕТ, МАЛИ ДЕЦА ПОМИНУВААТ ОД ТУКА, ДРУГИТЕ ВЕ ГЛЕДААТ, НЕМАТЕ ЛИ СРАМ? АМА ПРЕКИНЕТЕ ЈА ТЕПАЧКАТА, ВЕ МОЛАМ!“… (додека безуспешно се обидува да ја прекине тепачката со зборови, започнува да плаче).

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...
Во кој град треба да се преселите, според хороскопскиот знак? Лавови, вие сте харизматични, сакате да го споделувате вашето мислење и не ви е ...
Хороскопски знаци кои повеќе ќе уживаат во 50-тите, отколку 20-тите години од животот Девици, додека да наполните 50 години, вие ќе имате проживеано повеќе од кого би...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg